д-р Трендафил Ивановски

Судија

д-р Трендафил Ивановски

Судија 2003 - 2011 | Претседател 2007 - 2010

2003 – 2011 | Претседател 2007 – 2010

Кратка биографија

Д-р ТРЕНДАФИЛ ИВАНОВСКИ, роден е 1946 година во Бадилен, општина Струмица. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. По дипломирањето работел во Собранието на СРМ, како вршител на должноста секретар на Законодавно-правната комисија, од 1972 година работел како советник во Републичкиот секретаријат за законодавство и организација, од 1977 година бил секретар на Собранието на општината Карпош, од април 1982 година – секретар на Собранието на Град Скопје, а од 1993 година работи во Уставниот суд на Република Македонија, со статус на државен советник.

Забележлива била неговата активност како секретар на Сојузот на студентите на Македонија, секретар и претседател на Сојузот на здруженијата на правниците на Македонија, претседател на Одборот за политички систем на Заедницата на општините и градовите на Македонија, член на повеќе комисии во органите и телата на општините, градот Скопје и Републиката. Во континуитет учествува во стручната работа на измените на Уставот на СРМ од 1969 година до донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година.

Во 1981 година ги завршил постдипломските студии и го одбранил трудот “Управата во подготвувањето на нормативните акти на општествено-политичките заедници” со што се стекнал со академски степен – магистер на политичко-правните науки. Во јуни 1990 година ја одбранил докторската дисертација на тема “Градските заедници во комуналниот систем” со што се стекнал со академски степен – доктор на правни науки. Работел на повеќе проекти во областа на нормативата и уставното право и учествувал во работата на повеќе стручни и научни собири. Има објавено над 20 стручни и научни трудови од областа на правото, политичкиот систем, управата и локалната самоуправа. За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 7 мај 2003 година.