Во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и продлабочување на стручниот дијалог за уставно-правни прашања, Уставен суд на Република Северна Македонија и Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, утре, 17.02.2026 година ќе одржат свечен настан по повод потпишување на Меморандум за соработка.
Меморандумот се склучува со цел да се воспостави и унапреди соработката, да се овозможи размена на знаења и искуства, како и зајакнување на институционалните капацитети. Со овој документ, двете институции ја потврдуваат својата заложба за продлабочување на стручната едукација и унапредување на разбирањето на уставната рамка, заштитата на уставноста и законитоста и развојот на современи институционални стандарди.
Впрочем, се афирмира и определбата за континуирана стручна соработка и за унапредување на уставно-правните институционални прашања кои се од значење за правниот поредок и демократскиот развој на државата.