Генерален секретар на Уставниот суд на Република Северна Македонија


м-р Виолета Ѓорѓиевска

Генерален секретар на Уставниот суд

м-р Виолета Ѓорѓиевска е родена на 19.07.1986 година во Скопје. По националност е Македонка. Дипломира на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, 2009 година. Во јануари 2012 година станува Магистер на правни науки, насока казнено право.

Од 2009 година до 2012 година како правник волонтира во Основниот Кривичен суд Скопје.

Во 2012 година ја извршува и функцијата судија поротник во Основниот Кривичен суд Скопје.

Положен правосуден испит во 2018 година.

Од март 2015 година е вработена во Службата на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Од 2021 година како советник за стручно-аналитичка работа, работи во Одделението за стручно – аналитички работи, меѓународно и компаративно право на Уставниот суд, подоцна како самостоен советник за стручно-аналитичка работа, а од 2024 година како советник на Судот за стручно-аналитичка работа.

Има учествувано на обуки од областите на правните истражувања и анализи, човековите слободи и права, организирани од Европската комисија, Советот на Европа и ОБСЕ.

За генерален секретар на Уставниот суд на Република Северна Македонија е избрана на 26 септември 2024 година, а функцијата ја извршува од 6 октомври 2024 година.

Ко-автор е на книгата: „Лојалност кон Уставот- 2, Толкување на Уставот“, 2023 година.

Автор е на книгата: „Лојалност кон Уставот-3, Живиот конституционализам“, 2024 година