Согласно член 4 од Правилникот за електронско поднесување поднесоци до Уставниот суд на Република Северна Македонија, електронското поднесување на поднесоците ќе се врши до административниот работник – архивар, Џана Попов на следнава електронска пошта:
ИНФОРМАЦИЈА:
Датумот на прием на поднесокот кој е поднесен електронски ќе се смета како ден кога е предаден на Уставниот суд.
За секој поднесок (иницијатива, барање за заштита на слободи и права или предлог за решавање судир на надлежности) што се доставува електронски до Уставниот суд, подносителите ќе бидат известени по електронски пат дека истите се примени и заведени во Архивата на Уставниот суд на Република Северна Македонија.