Согласно член 64 од Актот на Уставниот суд:
(1) Предлог за решавање судир на надлежност меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт и меѓу органите на Републиката и на единиците на локалната самоуправа може да поднесе секој од органите меѓу кои настанал судирот.
(2) Предлог може да поднесе и секој што поради прифаќањето или одбивањето на надлежноста на одделни органи не може да оствари свое право.
(3) Рокот за поднесување на предлогот од став 1 на овој член е три месеци од правосилноста или конечноста на актот со кој е прифатена или одбиена надлежноста.
Согласно член 65 став 1 од Актот, органите од член 64 на овој акт предлогот за решавање судир на надлежност може да го поднесат откако еден од органите со конечен или правосилен акт ја прифати или ја одбие надлежноста за решавање на ист предмет.
Согласно став 2 на овој член, субјектите од член 64 на овој акт кои поради прифаќањето или одбивањето на надлежноста не можат да остварат свое право, предлогот за решавање на судирот на надлежноста може да го поднесат откако и двата органи ја прифатиле или ја одбиле надлежноста со конечен или правосилен акт.
Предлогот за решавање судир на надлежности , согласно член 66 од Актот на Уставниот суд, треба да содржи:
- предмет на спорот поради кој настанал судирот;
- органите меѓу кои настанал судирот и
- означување на конечните, односно правосилните акти со кои органите ја прифатиле или одбиле надлежноста да одлучуваат по ист предмет.
НАПОМЕНА: Сите предлози што се доставуваат по електронски пат потребно е да бидат потпишани рачно и скенирани или потпишани со електронски потпис.
Доколку предлогот се доставува преку полномошник, полномошното задолжително да се достави електронски потпишано рачно и скенирано или потпишано со електронски потпис.