Поднесокот што е поднесен по електронски пат за оценување на:
- уставност на закон,
- уставност и законитост на друг пропис или колективен договор,
- на програма и статут на политичка партија и на здружение на граѓани,
согласно член 23 од Актот на Уставниот суд, треба да содржи:
- означување на законот, прописот или или другиот општ акт односно одделни негови одредби што се оспоруваат
- причини за нивно оспорување
- одредбите од Уставот, односно законот што се повредуваат со тој акт
- името и адресата, односно називот и седиштето на подносителот на иницијативата
- потпис на подносителот, односно потпис од овластениот застапник и печат.
НАПОМЕНА:
Сите поднесоци што се доставуваат по електронски пат потребно е да бидат потпишани рачно и скенирани или потпишани со електронски потпис.
Доколку поднесокот се доставува преку полномошник, полномошното задолжително да се достави потпишано рачно и скенирано или потпишано со електронски потпис.
Во прилог се дадени обрасци за тоа што треба да содржи иницијативата.
Обрасците се изготвени со цел да помогнат на подносителите при нивното обраќање до Уставниот суд на Република Северна Македонија и истите не се задолжителни.