Предвидена средба на претседателот д-р Дарко Костадиновски со Кадир Озкаја, претседател на уставниот суд на Турција

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, на 18 јули 2026 година ќе оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја.

Средбата претставува продолжение на воспоставената соработка и пријателските односи меѓу двата уставни суда, со акцент на понатамошно унапредување на билатералната соработка и размена на искуства од областа на уставното судство.

Во фокусот на разговорите ќе биде утврдувањето на рамка за идните заеднички активности и средби, како и консултации поврзани со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF), со цел натамошно јакнење на неговата улога и меѓународна афирмација во пресрет на претстојните европски и светски конгреси на уставните судови.

Работната средба е дел од активностите насочени кон зајакнување на меѓународната соработка на Уставниот суд и унапредување на институционалните врски со сродните уставносудски институции.