Дневен ред за 19. седница на Уставниот суд закажана за 15 јули 2026 година во 9:30 часот

На 15 јули 2026 година, со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 19. Седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира за оценување на уставност и законитост на осум предмети,предвидено е да се донесат одлуки во четири предмети, по подготвени нацрт-одлуки. 

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 

  1. Реферат У.бр.92/2025 и У.бр.122/2025

Оспорени одредби: член 41-а став 7 од во делот „превозот” од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” бр.44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010,156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016,67/2017,64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.161/2019, 76/2020, 229/2020, 269/2023, 78/2025, 132/2025 и 250/2025). 

Предметот У.бр.92/2025 е оформен по иницијатива на Уставниот суд по претходно доставен предлог на претседателот д-р Дарко Костадиновски

Причини за оспорување: 

Уставниот суд на Република Северна Македонија со Одлука У.бр.81/2023 од 5 декември го укина член 41-а став 1 во делот „јавно” и став 3 во делот „јавното” од Законот за средното образование. Судот ја укина оспорената одреба бидејќи допушта нееднаков третман на лицата кои имаат ист, идентичен правен статус, односно статус на редовни ученици во средното образование, што е основ да им се обезбедат еднакви услови во образованието. Со членот 24 е изменет член 41-а од Законот за средното образование, при што во став 9 е предвидено дека сместувањето и превозот за учениците од приватните средни училишта ги обезбедува основачот. Со оглед на содржината на одредбата, произлегува дека Собранието не ја испочитувало Одлуката на Уставниот суд (У.бр.81/2023). Дополнително, според иницијативата, со самиот факт што некој станува редовен ученик во средно училиште, се стекнува со право на бесплатен превоз, бидејќи истото е предвидено со член 41-а став 1 од Законот за средното образование. Со фактот дека Законодавецот ги исклучил учениците од приватните средни училишта,од користење на јавен превоз, се претпоставува дека постапил спротивно на член 8 став 1 алинеја 3, член 9 и член 51 од Уставот. 

Подносител на иницијативата (У.бр.122/2025): Добре Наумовски и Ана Марија Јордановска

Од наводите во иницијативата: 

Подносителите се повикуваат на Oдлуката на Уставниот суд У.бр.81/2023 со која Судот ја оцени како дискриминирачка одредбата која се однесува на бесплатно користење на јавниот превоз само за учениците од државните, а не и од приватните средни училишта. Во таа насока, во иницијативата се наведува дека спорен е терминот „превозот” , констатирајќи дека превозот треба да биде достапен и бесплатен за сите ученици и од државните и од приватните училишта. 

2.Реферат У.бр.139/2025

Oспорени одредби: член 30 став 6, член 31 ставовите 1,2 и 3, член 32 ставовите 2 и 5, член 47 став 3 и член 52 став 3 од Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија” бр. 149/2014, 53/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 65/2023).

Подносител на иницијативата: Адвокатско друштво „Менкиноски” преку Тони Менкиноски и Сања Трајановска Ташков 

Од наводите во иницијативата: 

Подносителите наведуваат дека оспорени се деловите кои предвидуваат мерка трајно одземање и уништување(колење или еутаназија) на животни по одлука на управен орган, без претходна задолжителна судска одлука. Подносителите наведуваат дека во позитивното право кај нас животните имаат правен статус на ствари и се предмет на правото на сопственост. Па, по таа аналогија тврдат дека вршењето на еутаназија или колење претставува најдрастична форма на престанок на правото на сопственост, бидејќи согласно Законот за сопстеност, правото на сопстеност престанува со пропаѓањето на стварта. Имено, подносителите сметаат дека  незаконски и неуставно е тоа што АХВ  може да донесе одлука за еутаназија за опасно куче на пример, доколку кучето нападнало човек и не може да се ресоцијализира, заради контрола на болести. Со овозможување на сите услови за еутаназија на животното, без претходна судска одлука подносителите сметаат дека се елиминира судската контрола при настапување на ненадоместлива последица. Се тврди дека со оспорените одредби се повредени правото на сопственост и начелото на пропорционалност, како и правото на ефикасен правен лек и начелото на поделба на власта. 

3. Реферат У.бр.160/2025

Оспорена одредба: член 33 став 1 во делот „трошоците” од Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост („Службен весник на Република Македонија” бр.88/2015, 154/2015 и 23/2016 и („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.110/2021). 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот тврди дека е нејасно кои се условите/критериумите врз основа на кои ќе се пресметуваат трошоците за привремено задржаната стока или одложувањето на пуштањето на стоките во слободен промет, како и трошоците за складирање на стоките и активностите поврзани со тоа. 

4. Реферат У.бр.178/2025 и У.бр.179/2025

Оспорени одредби: член 52 став 9 алинеја 4, член 56 став 5 во делот „констатира” , член 56 став 5 точка 3 и став 6 точка 2 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија” бр.82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/2019, 178/2021, 58/2024 и 124/2025).

Подносител на инцијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Подносителот на иницијативата наведува дека за него е спорно тоа што не се знае кои се функциите или должностите кои се неспојливи со функцијата член на Одборот за евалуација. Имено, се тврди дека оспорената одредба регулира дел кој уредува дека мандатот на член на Одборот за евалуација престанува ако членот стапи на должност или функција која е неспојлива со функцијата член на Одборот за евалуација. 

5. Реферат У.бр.187/2025

Oспорени одредби: член 76 став 2 во делот : „езера” и член 192 од Законот за заштита на природата („Службен весник на Република Македонија” бр. 67/2004, 14/2006, 84/2007, 35/2010, 47/2011, 148/2011, 59/2012, 13/2013, 163/2013, 41/2014, 146/2015, 39/2016, 63/2016 и 113/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 151/2021 и 3/2025).

Подносител на инцијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Според подносителот, дискутабилна е согласноста на оспорениот дел „езера”, ако според член 2 од Законот за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, езерата се користат за задоволување на општи и поединечните потреби, според прописите за заштита на природните реткости, заштита на човековата околина, просторно-урбанистичко планирање, рибарство, води и меѓурепублички и меѓудржавните води, доколку со закон не е поинаку уредено. Според подносителот, терминот „езера” е генерален и би ги опфаќал сите езера, не само трите наведени.

6. Реферат У.бр.16/2026

Оспорени одредби: член 48 став 2 во делот „се исплаќа од страна на Централниот регистар” од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар на други правни лица  („Службен весник на Република Македонија” бр.84/2005, 13/2007, 115/2007, 150/2007, 140/2008, 17/2009, 28/2010, 17/2011, 53/2011, 70/2013, 115/2014, 97/2015, 192/2015, 53/2016, 114/2016 и („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/2019,122/2021, 215/2021 и 193/2025).

Подносител на инцијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Сепак, се тврди дека оспорената одредба не е во целост усогласена со Уставот, бидејќи надоместоците за претседателот и членовите на Комисијата за жалби се исплаќаат од Централниот регистар, што може да доведе до сомнеж во нивната непристрасност при одлучување по жалби против истиот орган.

Дополнително, подносителот укажува на недоречености во одредбата – не е утврдена постапка за избор (на пример, преку јавен оглас), ниту е јасна природата на Комисијата (дали е самостоен орган или дел од извршната власт). Според него, тоа отвора простор за арбитрарност и не е во согласност со начелото на владеење на правото (член 8) и еднаквата достапност до работни места (член 32 од Уставот).

7. Реферат УЗ.бр.14/2026

Оспорен акт: Одлука за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.07-4554/14 од 31 мај 2012 година („Службен гласник на Општина Куманово” бр.8 од 5 јуни 2012 година. Одлука за дополнување на одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.071135/9 од 21 февруари 2013 година („Службен гласник на Општина Куманово” бр.3 од 25 февруари 2013 година. Одлука за дополнување на одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.09-4969/10 од 2 јуни 2022 година („Службен гласник на Општина Куманово” бр.7 од 6 јуни 2022 година и Одлука за дополнување на одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлувње бр.09-1596/17 од 27 февруари 2023 година („Службен гласник на Општина Куманово” бр.3 од 1 март 2023 година.

Подносител на иницијативата: Синиша Стаменов

Од наводите во иницијативата: 

Според подносителот на иницијативата, со оспорените одлуки на Советот на Општина Куманово, се утврдуваат населени места ослободени од плаќање на комунална такса за јавно осветлување.

Подносителот тврди дека со оспорените одлуки не е опфатена населба во село Орашец, иако фактичката состојба во истата е идентична или понеповолна во однос на населени места кои се ослободени од плаќање.

Во предметната населба нема јавно осветлување, никогаш не било воспоставено такво осветлување, електроенергетската инфраструктура е самофинансирана од страна на граѓани, а постојниот систем е технички несоодветен за воспоставување јавно осветлување, се наведува во иницијативата. И покрај наведеното, подносителот тврди дека се врши наплата на комунална такса за јавно осветлување преку сметки издадени од ЕВН Македонија.

8.Реферат УЗ.бр.4/2026

Оспорен акт: Методологија за пресметка и исплата на пензии

Подносител на иницијативата: Мирослав Трлин

Од наводите во иницијативата: 

Во иницијативата поднесена на 02.12.2025 година, подносителот наведува дека бара преглед и оцена на уставноста на сегашната Методологија за пресметка и исплата на пензии со посебен акцент на распределбата на средства од осигурителни придонеси и буџетски дотации.

Во иницијативата се наведува дека сегашната Методологија согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, создава правен вакум во однос на распределбата на средства од различни извори. Се тврди дека практиката на процентуално покривање на дефицитот во Пензискиот фонд со средства од Буџетот, обезбедени без обврска за враќање, не е законски утврдена и создава ризик од злоупотреба, поради што целта на иницијативата е да се побара прецизирање и озаконување на Методологијата за пресметка и распределба на пензиите, со јасно дефинирани извори на средства и принципи на распределба. 

 III- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр.64/2025

На 11.03.2026 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.14/2025). 

2. У.бр.186/2025

На 22.04.2026 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/2025).

3. УЗ.бр.52/2025

На 13.05.2026 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за поништување на одобрен урбанистички проект за село со намена А4.7 – куќи за потребите на селскиот туризам, во урбанистички план за село Сопиште на КП1526/8 и КП 1532/5 КО Сопиште – Вонград, Општина Сопиште, бр.02-1509/1 од 29.05.2025 година, донесена од Советот на Општина Сопиште („Службен гласник на Советот на Општина Сопиште“ бр.6/25). 

4. УЗ.бр.78/2025

На 06.05.2025 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектот регулаторна гилотина („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/2008). 

II- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ