На 20 мај 2026 година, со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 14. седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира за седум иницијативи во кои е оспорена уставност и законитост, да се извести за една информација по предмет и да се одлучи по Нацрт- одлука.
1. Реферат У.бр.75/2025, У.бр.84/2025, У.бр.104/2025
Оспорен акт: Член 9, 10 и 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/2025).
Подносител на иницијативата(75/2025): Деспина Влаќеска
Од наводите во иницијативата:
Подносителката тврди дека со оспорените одредби во поповолна положба се ставаат инвеститорите, наспроти соседите на парцелите на градење, бидејќи тие немаат право на увид во техничката документација, ниту право на жалба, нешто што било дел од претодниот закон. Се наведува дека одредбите предизвикуваат и ретроактивност при примената, што според подносителката е во спротивност со членот 52 став 4 од Уставот.
Подносител на иницијативата(84/2025): Aлександар Огненовски, Aна Колиќ Огненовска адвокати
Од наводите во иницијативата:
Подносителот на иницијативата наведува дека со оспорениот член се брише членот 62-а кој овозможувал право за поведување на посебна постапка, односно право на непосредните соседи да извршат увид во градежно-техничка документација врз основа на која органот во претходна постапка, веќе издал одобрение за градење на конкретен инвеститор. Дополнително, се тврди дека Законодавачот пропуштил овој закон да предвиди одредби со кои ќе биде регулирано како ќе завршат постапките поведени врз основа на членот 62-а, со што се предизвикува правна несигурност за лицата кои повеле управни постапки и спорови.
Подносител на иницијативата(104/2025): Нимет Лимани
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека со членот 9 е избришан членот 62 во кој е регулирано дека надлежниот орган што го носи одобрението за градење е должен во рок од 3 дена од денот на донесувањето на одобрението за градење да ги извести непосредните соседи на градежната парцела со кои се донесува одобранието за градење дека во рок од 15 дена од денот на издавањето на одобрението можат да извршат увид во документацијата. Се тврди дека со оспорените одредби настануваат несогледливи последици за сите кои досега биле учесници во управната постапка, во управните спорови, бидејќи со даденото одобрение за градба, извршениот премер на лице место, габаритот на новиот објект навлегува во туѓа сопственост, но иако засегнат и оштетен како непосреден сосед, се губи правото на жалба и оспорување на градбата.
Забелешка: Предметот беше повлечен од Дневен ред за разгледување на 12. седница на Судот, одржана на 6 мај 2026 година, поради утврдување на дополнителни околности.
2. Реферат У.бр.131/2025
Оспорен акт: Член 4 точка 27, член 38 став 4 алинеја 10 и ставови 7 и 8, член 63 ставови 1 и 4 во деловите „ловечка легитимација“ и член 85 став 1 точка 13 во делот „ловечка легитимација“ и став 2 од Законот за дивечот и ловството (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/2023, 170/2024 и 132/2025);
Подносител на иницијативата: Друштво за лов и одгледување на дивеч „ВОЛФ“ ДООЕЛ од Ресен.
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека граѓаните кои имаат положено ловечки испит и на кои им е дадено уверение за положен ловечки испит од страна на Министерството за земјоделство, им се наметнува дополнителна обврска за поседување на ловечка легитимација, а со тоа и задолжително членување на ловците во Ловечката Федерација на Македонија. Подносителот тврди дека со оспорените одредби се создава правна несигурност и се повредува владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок.
3. Реферат У.бр.184/2024
Оспорена одредба:
Член 20 став 6 во делот „и висината на надоместокот“ од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 216/21 и 3/25).
Оспорен акт:
Решение за составот, висината на надоместокот и начинот на работа на работното тело за отпад бр.11-1526/1 од 14 мај 2024 година, донесено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 103 од 15 мај 2024 година.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Според подносителот, оспорениот дел не е доволно прецизен, а со тоа не е во согласност со начелото на владеењето на правото предвидено со членот 8 алинеја 3 од Уставот. Се наведува дека оспорените акти треба да се укинат бидејќи во правниот пoредок се потребни јасни, концизни норми кои нема да остават простор за арбитрерно толкување или примена.
4. Реферат УЗ.бр.80/2025
Оспорен акт:
- член 6 став 4 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 226/2020)
- член 13 став 9 во делот „Упатствата” и член 17 став 6 во делот „еднострано раскинување” од Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 105/2010, 33/2011, 29/2012 и 47/2014 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 226/2020 и 247/2025).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот смета дека оспорениот член 6 став 4 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување, со кој член 17 од Правилникот се дополнува со нов став 12 со содржина „Надворешните членови на Комисијата за советодавно работење добиваат надоместок утврден со решение од директорот на Фондот”, не е во согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 4 од Уставот.
Подносителот наведува дека Законот за здравствена заштита не содржи рамка или критериуми врз основа на кои со подзаконски акт би можело да се определи конкретниот износ на надоместокот.
5. Реферат УЗ.бр.41/2025
Оспорени акти:
Одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година, донесена од Советот на Општина Центар бр.08-3381/2 од 20.7.2023 година и Решение за објавување на Одлуката за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година, донесено од Градоначалникот на Општина Центар бр.09-3381/3 од 20.7.2023 година, објавени во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ број 11 на 23.07.2023 година.
Подносител на иницијативата: Филип Алексоски
Според наводите во иницијативата, оспорените акти се во спротивност со член 8 став 1 алинеја 3 и член 30 од Уставот, како и со член 11 од Законот за земјоделско земјиште.
Подносителот наведува дека територијата на Општина Центар зафаќа простор кој е надвор од Генералниот урбанистички план, од кое поголемиот дел е земјоделско земјиште кое се наоѓа во парк-шумата Водно како заштитено подрачје и на кое согласно Законот за земјоделско земјиште е дозволено изведување на земјоделски активности и градба на помошни објекти за земјоделски активности, под услов тие да се во согласност со прописите и да не ја нарушуваат заштитата на природата.
Според подносителот, секој конкретен случај треба да биде оценет во контекст на локалните урбанистички планови и други релевантни прописи.
6. Реферат УЗ.бр.76/2025
Оспорен акт:
Одлука за висината на трошоците за вештачење на работната способност во постапката на остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/2014).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека Управниот одбор на Фондот ги пречекорил своите овластувања бидејќи уредил материја која треба да биде уредена со закон. Се тврди дека одредбата е во спротивност со член 1 став 1 од Уставот во кој е уреден социјалниот карактер на Републиката.
7. Реферат УЗ.бр.64/2025
Оспорен акт:
Заклучок за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта од Општина Кочани за учебната 2025–2026 година, бр.09-1326/1 од 27.08.2025 година, донесен од претседателот на Советот на Општина Кочани.
Подносител на иницијативата: В.Д Градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски.
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека Заклучокот е во спротивност со член 53 став 6 од Законот за основно образование кој уредува дека може да се формираат паралелки и со помалку од 20 ученици, по претходно добиено позитивно мислење од Министерството за образование. Подносителот наведува дека такво позитивно мислење од Министерството во овој случај не е добиено.
II – ИНФОРМАЦИЈА ПО ПРЕДМЕТОТ
Реферат У.бр.118/2025
Оспорен акт: Член 34 став 1 алинеја 1, член 3 став 1 точка 5, член 24 став 2 алинеја 3 и член 69 точка 4 во делот „Жалбата не е дозволена против пресуда со која поединечниот управен акт е поништен или е прогласен за ништовен и предметот е вратен на повторно постапување на јавниот орган” од Законот за судовите.
Подносител на иницијативата: Адвокат Бранко Радојчиќ
Од наводите во иницијативата:
Се тврди дека со оспорените одредби се создава системски ризик за уставнинот поредок пореди несоодветна и уставно неиздржана надлежност на Управниот суд да врши контрола врз акти на СОбранието кои по својата природа не се управни, туку политички коишто произлегуваат директно од неговата уставна функција како законодавен и политички орган. Се наведува дека оваа поставеност директно го нарушува темелното уставно начело на поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Подносителот наведува дека Одлука на Собранието за избор на судија на Уставниот суд, член на судски совет, гувернер не претставува управен акт по својата природа и одлуката не се носи во управна постапка, туку во посебна собраниска процедура која е израз на политичка волја.
III- ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
