Дневен ред за 13. седница закажана за 13 мај 2026 година во 9:30 часот

На 13 мај 2026 година, со почеток во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 13. Седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира по осум иницијативи за оценување на уставност и законитост. 

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.17/2025

Оспорен акт: Член 177-г став 2 во делот „именувани од министерот“ и став 10 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 17/2025 и 132/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека одредбите се спорни бидејќи се недоволно јасни и прецизни, што е во спротивност со владеењето на правото. 

2. Реферат У.бр.90/2025

Оспорен акт: Член 47 ставови 5 и 6 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022, 65/2023 и 218/2024) и член 3 став 22 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/2025).

Подносител на иницијативата: Земјоделски комбинат ПЕЛАГОНИЈА АД Битола преку извршен директор Весна Белешовска-Бунтеска

Од наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека одредбите произведуваат ретроактивно правно дејство. Понатаму, се тврди дека во член 3 став 22 се врши ограничување на вкупниот износ по корисник, без оглед на вкупното производство, односно на останатото производство кој ќе го надмине тој максимален износ и ќе остане несубвенционирано. Следствено на ова, подносителот наведува дека е доведена во прашање правната сигурност, бидејќи на веќе воспоставен правен стандард во креирање на политиките за директни плаќања се воведува „ограничување по корисник” на директни плаќања. 

3.Реферат У.бр.90/2025

Оспорен акт: Член 31-а во делот: „вработени во Бирото за судски вештачења“ од Законот за процена („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2010, 158/2011, 185/2011, 51/2012, 64/2012, 188/2014, 104/2015, 153/2015, 192/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 86/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот на иницијативата тврди дека одредбата е во спротивност со членот 9 од Уставот, бидејќи според него се воспоставува нееднаквост на лица внатре во Бирото за судски вештачења, во една и иста категорија – проценувачи. Според наведеното, не треба да се прави разлика помеѓу „проценувач” вработен во Бирото за процена и „проценувач” вработен во фирма или трговец-поединец. 

4. Реферат У.бр.102/2025

Оспорен акт: Член 105-а став 2 точка 4 во делот „раководно“ од Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/2009, 57/2010, 36/2011, 54/2011, 13/2012, 55/2013, 163/2013, 42/2014, 146/2015, 31/2016, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 302/2020, 150/2022, 224/2024 и 160/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Во иницијативата се наведува дека оспорениот дел во иницијативата упатува дека не е во согласност со делот од членот 32 од Уставот кој уредува дека секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место. Се тврди дека со пропишувањето на оспорениот дел се ограничува можноста на секој друг вработен кој ја немал привилегијата да биде на раководно место да не може да се пријави на евентуалниот оглас за претседател, односно член на Регулаторната комисија за домување. 

5. Реферат У.бр.197/2025

Оспорен акт: Член 21-б став 2, став 3 од прва реченица во делот „Советот од ставот 2 на овој член“ и од реченица втора во делот „советот“ од истиот член, став 4 од истиот член во делот „Советот“, став 5 од истиот член во делот „советот за верификација од ставот (2)“ и член 21-к став 3 во делот „Советот за спортот“ од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2002, 66/2004, 83/2005, 81/2008, 18/2011, 64/2012, 148/2013, 187/2013, 42/2014, 138/2014, 177/2014, 72/2015, 6/2016, 55/2016, 61/2016, 106/2016 и 190/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 52/2019, 98/2019, 244/2019, 53/2024, 74/2024, 170/2024 и 59/2025).

Подносител на инцијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека оспорените одредби и делови доведуваат до забуна при примената и се неусогласени со начелото на владеење на правото. 

6. Реферат У.бр.3/2026

Оспорен акт: Член 24 став 12 од Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2025).

Подносител на инцијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Подносителот тврди дека водењето прекршочна постапка е управна функција во рамки на редовните работни задачи на органот, па затоа  според него е неосновано да се предвидува посебен надоместок. Со тоа, според иницијативата, се повредуваат начелото на владеење на правото и одредби од Уставот кои се однесуваат на законитоста, поделбата на власта и организацијата на државната управа.

7. Реферат УЗ.бp.52/2025

Оспорен акт: Одлука за поништување на одобрен урбанистички проект за село со намена А4.7-куќи за потребите на селскиот туризам, во урбанистички план за село опште на КП1526/8 и КП 1532/5 КО Сопиште-Вонград, општина Сопиште, бр. 02-1509/1 од 29.05.2025 година, донесена од Советот на Општина Сопиште („Службен гласник на Советот на Општина Сопиште“ бр. 6/2025).

Подносител на барањето: Државен инспекторат за локална самоуправа преку директорот Хаќим Рамадани

Од наводите во барањето: 

Се наведува дека донесената Одлука не е во согласност со член 36 од Законот за локална самоуправа, односно Советот нема законска надлежност да поништува урбанистички проект.

8. Реферат УЗ.бp.84/2025

Оспорен акт: Пресуда УПРЖ бр. 359/2023 од 27.11.2023 година на Виш Управен суд, Решение ИВПП1 бр. 166/2021 од 21.03.2023 година на Основен граѓански суд Скопје и Решение ГЖ-1793/23 од 11.02.2025 година на Апелационен суд Скопје.

Подносител на иницијативата: Марјан Здравковски

Од наводите во иницијативата:

Подносителот бара поништување на пресудата, со образложение дека веќе бил осуден за прекршок нарушување на јавен ред и мир, за што му била изречена глоба во вредност од 100 евра. Се тврди дека пресудата од Управниот суд е донесена за веќе пресудена работа и е настаната апсолутна застареност, но сепак тој е огласен за виновен.