Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, престојува во дводневна работна посета на Атина,со цел средби со претставници на највисоките судски институции во Република Грција.
Во рамки на посетата, претседателот Костадиновски, е во придружба на претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани. Според агендата, ќе остварат средби со претседателите и претставници на Врховниот суд , Државниот совет и Ревизорскиот суд на Република Грција.
Посетата е во насока на продолжување на дијалогот, унапредување на меѓуинституционалната соработка и размена на искуства и информации од областа на владеењето на правото, со крајна цел зајакнување на правната сигурност.
Посетата се реализира во периодот од 1-3 април на покана на Сотирос Георгијадис, судија во Апелациониот суд во Атина, и времено упатен во Специјалната правна служба при Министерството за правда на Република Грција.