Дневен ред за 2. седница на Уставниот суд закажана на 28.01.2026 година во 9:30 часот

На 28.01.2026 година со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 2. седница во 2026 година со Дневен ред на кој е предвидено да се дискутира за 11 иницијативи за оценување на уставност и законитост на акти, едно барање за заштита на слободи и права на граѓанин и усвојување на една конечна одлука и 9 нацрт-решенија. 

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 

1. Реферат У.бр.118/2024

Оспорен акт:  Делот „и во форма на управен договор” од член 55 став 3 од Законот за општата управна постапка(„Службен весник на Република Македонија1” број 124/2015 и 65/2018).

Подносител: Оливер Давидовски

Од наводите во иницијативата:

Подносителот ги оспорува ставот 2 на членот 23 во кој е пропишано дека судирот на надлежностите меѓу единиците на локалната самоуправа го решава органот на државната управа надлежен за локалната самоуправа и ставот 5 од истиот член, според кој против управниот акт со кој се одлучува за судирот на надлежностите, странката не може да изјави жалба, ниту да поведе управен спор. Подносителот наведува дека во Законот за судовите е уреден начинот на решавање судир на надлежности меѓу посочените единици на локална самоуправа, со што е нагласено дека за евентуалниот судир на надлежности одлучува Вишиот управен суд доколку со Уставот или со законите не е предвидена поинаква судска заштита, а во Законот за општа управна постапка, таква судска заштита не е предвидена, туку напротив со оспорената одредба од ставот 5 на член 23 експлицитно се ограничува правото на судска заштита.

2. Реферат У.бр.203/2024

Оспорен акт: Член 40 став 2 од делот „листата на професионалните болести” од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 98/2012, 166/2012, 15/2013, 170,2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20,2015, 61/2015, 97,2015, 97/2015, 129/2015, 27/2018, 35/2018, 220/2018, 245/2018, и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/2019, 275/2019, 31/2020, 94/2020, 267/2020, 67/2022, 79/2023, 193/2024, 75/2025 и 154/2025)

Подносител на иницијативaта: Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Со оспорената одредба подносителот тврди дека не е доволно разјаснето прашањето на професионална болест која може да претставува основ за признавање на право од пензиското и инвалидското осигурување, односно права од инвалидност, по што се создава основ со подзаконски акт да се доразработи Законот во детали. 

3. Реферат У.бр.23/2025

Oспорен: Член 1 став 3 во делот  “Академија за судии и јавни обвинители” од Законот за судски буџет и „(Службен весник на Република Македонија”).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев, Љубица Стојковска-Перковска, Биљана Димовска, Евица Џајковска, Рољанда Доко, Атеме Муамеди, Анета Стевановиќ, Незаат Реџепи, Мирјанка Тренчевска, Иљбере Нухиу и Едвин Захитовиќ

Од наводите во иницијативата: 

Подносителите тврдат дека оспорената одредба не е во согласност со Амандманот XXV од Уставот. Меѓудругото се наведува дека основниот профил на Судскиот совет кој се добива од Централниот регистар на Република Северна Македонија, евидира со шифра на претежна дејност 84.23, според Националната класификација на дејности и истата шифра е резервирана за „Судски и правосудни дејности”, а правната форма евидира под шифрата „01.9-Уставен суд”. Следствено на ова, се наведува дека Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган на судството, па претходно наведената поставеност на Академијата за судии и јавни обвинители како дел од „Судската власт” е противуставно. 

4. Реферат У.бр.36/2025

Оспорен акт: Член 7 од Законот за изменување на Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Северна Македонија” број 187/2024).

Подносител на иницијативата:  Друштво за трговија и услуги ЛОКО ТРЕЈД ДОО Скопје преку полномошник Mиа Ношпал Чорак

Од наводите во иницијативата: 

Подносителката наведува дека со одредбата им се оспорува правото на правните лица да се стекнат со статус на железнички превозници, при што тврди дека е во спротивност со членот 2 став 1 точка 13 и точка 15 од Законот за железнички систем.

5. Реферат У.бр.38/2025

Член 7 став 8 во делот „регистарот од ставот (5) на овој член” од Законот за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија” бр.111/2008, 64/2009, 114/2010, 23/2011, 53/11, 47/2012, 80/2012, 163/2013, 44/2015, 147/2015, и 31/2016, и Службен весник на Република Северна Македонија” бр.122/2021 и 255/2024).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Членот кој ја содржи оспорената содржина:

„Работите на одржувањето на јавната чистота, општината, општините во градот Скопје и градот Скопје можат со одлука на Советот да ги отстапат на извршувње на правно лице регистрирано за вршење на овие работи, согласно со закон”.

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот тврди дека одредбата упатува на примена на друга норма со која не е хармонизирана и на тој начин се доаѓа во забуна при примената. 

6. Реферат У.бр.87/2025

Oспорен акт: Член 38-а од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија” бр.58/2006, 62/2006, 35/2008, 61/2008, 118/2008, 16/2009, 150/2010, 39/2012, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019).

Содржина на оспорениот акт: Судија на основен суд со проширена надлежност со судиски стаж до две години, може да одлучува само во постапки од членот 30 од овој закон.

Подносител на иницијативата: Глигорие Ќатоски и Владимир Стојковски, адвокати

Од наводите во иницијативата: 

Подносителите на иницијативата наведуваат дека со оспорената одредба се ограничуваат судиите кои се избрани во судови со проширена надлежност да постапуваат само по предметите од основна надлежност, со што тврдат дека се повредува начелото на еднаквост и забрана од дискриминација. Според наведеното, оспорената одредба создава две категории на судии во основните судови со проширена надлежност и тоа: судии со судиски стаж до две години, чија надлежност е ограничена и судии со судиски стаж над две години кои имаат целосна надлежност. Според наводите, не постои објективно и разумно оправдување за различен третман на судии кои се еднакво квалификувани според законот. Се наведува дека оспорената одредба прави дискриминторска поделба на искусни и неискусни судии, што директно го попречува нивниот професионален развој, ако се земе предвид фактот дека условот за станување на судија за сите е завршување на Академија за судии и јавни обвинители. 

7.Реферат У.бр.89/2025

Oспорен акт: Член 266-в ставови 1 и 2 Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија” бр. 18/2001, 04/2002, 05/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009, и 123/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.215/2021 и 154/2023).

Подносител на иницијативата: Душко Чангов

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот на иницијативата тврди дека со оспорените одредби е повредено уставното начело на владеењето на правото. Меѓу другото, се наведува дека со одредбите се прави дискриминација бидејќи, според него, должникот кој благовремено ги плаќа паричните обврски или доверителот, се ставаат во нерамноправна положба во однос на должникот кој доцни со плаќање на паричните обврски и може нецелосно и ненавремено да ги извршува своите законски обврски, без притоа да му биде додадена казнена камата на главнината.

8. Реферат УЗ.бр.14/2025

Оспорен акт: Член 15 во делот „или посебен акт на работодавачот” од Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/2023).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Подносителот тврди дека оспорената одредба не допушта додатокот на плата за работна успешност на работникот да се утврди врз основа на критериуми на работодавачот, кои ќе се однесуваат за квалитет и обем на извршената работа, креативност, инвентивност, продуктивност, економичност и заштеди во процесот на работење и користење на средствата за работа и на работното време и други мерила, освен со закон и колективен договор. Според наводите, определбата да се дозволи тоа да се врши со „посебен акт на работодавачот” и остава можност за арбитрерно да се пропишуваат критериумите, без притоа да постои основ во законот, со што се нарушува правната сигурност на граѓаните. 

9. Реферат У.бр. 191/2023

Оспорен акт: Член 9 став 1 точките 1, 2, 3, 4, 5 во целина и точка 6 во делот „ако има дозвола за емитување програма на локално ниво, за подрачје со под 50.000 жители и став 3, член 21 став 1 точките 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8, став 2 точките 1, 2 и 3 во делот “едно лице ако има дозвола за емитување на програма на локално ниво” и став 4 од Правилникот за минимални технички, просторни,финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување донесен од страна на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија” број 172/2014 и 76/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ број 204/2023). 

Подносител: Ристо Гоговски

Од наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека АВМУ ги пречекорила надлежностите  и ги диктира формата и статусот кон работникот како страна и договарач, при што се врши дискриминација и нарушување на владеењето на правото. Смета дека не може АВМУ да дефинира  каков ќе биде договорот помеѓу вработените во радио или телевизиските медиуми, туку тоа е меѓусебен договор.

10.Реферат УЗ.бр.22/2025

Оспорен акт: Член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за лиценца за вршење геодетски работи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.273/2023).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот тврди дека доносителот на актот излегол од своите надлежности, бидејќи според него нема можност за овластување на Управниот одбор да донесе акт со кој ќе може да се одземаат или ограничуваат јавните овластувања на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи. Се наведува дека на овој начин е нарушена правната сигурност. 

11. Реферат У.бр.266/2024

Oспорен акт: Одлука за донесување на Детален урбанистички план за УЗ 7, блок 7.1 Општина Охрид, плански период 2009-2014 бр.07-8141/18 од 25.12.2013 година на Советот на Општина Охрид („Службен гласник на Општина Охрид бр.18/2013).

Подносител на иницијативата: Јован Костовски, адвокат

Oд наводите во иницијативите: 

Подносителот на иницијативата смета дека со оспорената одредба е направена повреда на членот 31 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, со тоа што при донесување на Деталниот урбанистички план УЗ 7 блок 7.1. Со Одлука бр.07-8141/18 на Советот на Општина Охрид, не се применувани сандардите и нормативите за урбанистичко планирање, со кои се уредуваат основите за рационално планирање, уредување и користење на просторот, заради создавање на услови за хумано живеење и работа на граѓаните. 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1.Реферат БЗСП бр.19/2025

Предмет на барањето: Заштита на слободите и правата на граѓаните согласно член 110 алинеја 3 од Уставот( дискриминација по основ на политичка припадност).

Подносител на барањето: Политичка партија „Левица” застапувана од проф.д-р Димитар Апасиев

Од наводите во барањето: 

Подносителот тврди дека врз политичката партија Левица е извршена дискриминација од страна на два државни органа, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Државната изборна комисија (ДИК). Се тврди дека на Левица и е забрането рекламирање за време на локалните избори  во 2025 година и дека е повредена еднаквоста и рамноправноста кои се уставно гарантирани категории. Подносителот наведува дека на партијата која оспорува, не и е доделено воопшто простор за платено политичко рекламирање на локалните избори,а со тоа ниту парични средства од државниот буџет, со што се спречени да се претстават пред граѓаните преку традиционалните медиуми. Подносителот тврди дека освен со дејствување и погрешно толкување на Правилникот, ДИК им ги прекршила правата и ги ограничила во јавното претставување и со непополнување на правната празнина која ја има во Изборниот законик по ова прашање.

НАЦРТ- ОДЛУКА И НАЦРТ – РЕШЕНИЈА

1.Реферат У.бр.275/2024

На седницата одржана на 21 јануари 2025 година, Уставниот суд го одби барањето на Александар Митовски за заштита на слободите и правата согласно член 110 алинеја 3 од Уставот.