Бранко Наумоски

Бранко Наумоски

Судија 2004 – 2014 | Претседател 2010 – 2013

2004 – 2014 | Претседател 2010 – 2013

Кратка биографија

Роден е 1951 година во с. Букојчани, Општина Кичево, Република Македонија, Македонец. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1975 година. По дипломирањето, истата година, се вработил како приправник во Основното јавно обвинителство во Скопје, а по полагањето на правосудниот испит во 1977 год па до 1980 работи како стручен соработник во истото обвинителство.

Во 1980 година од Собранието на оштините во Скопје е избран за заменик на Основниот јавен обвинител во Скопје, која функција ја врши се до 1987 година. Од 1987 до 1995 година во два мандата од Владата на Република Македонија е именуван за помошник на Министерот за правда во Министерството за правда. Во 1995 година од Владата на Република Македонија именуван е за директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на министрството за правда. На 3.07.1997 година од Собранието на Република Македонија избран е за Народен правобранител на Република Македонија на која функција останува се до изборот за судија на Уставниот суд на Република Македонија.

За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 6.12.2004 година.

Покрај извршувањето на редовните обврски, во рамките на вршењето на функциите на кои бил именуван, активно учествува како член на повеќе општествени и културни организации и асоцијации. Особен придонес дава во развојот и имплементирањето на човековите слободи и права во Република Македонија, како член на комисии, одбори и делегации во Републиката со учество на низа меѓународни симпозиуми и семинари. Со лични написи, статии и излагања на семинари, трибини и советувања организирани од домашни и меѓународни владини и невладини организации дал особен придонес во развојот на демократијата, владеењето на правото, насочени кон унапредувањето, обезбедувањето и заштитата на човековите слободи и права, за кои има добиено повеќе признанија и благодарници. Автор е на низа трудови објавени во повеќе списанија: “Пенелошка мисла”, “Безбедност”, “Правник”, “Легитима” издадени во Република Македонија како и во списанија на “Европскиот омбудсман институт”. Почесен член е на Здружението на омбудсмани на Република Италија.

Од особена важност како прв народен правобранител (омбудсман) на Република Македонија е неговиот придонес во развојот на демократијата и заштитата на човековите слободи и права и подигањето на нивното на институцијата Народен правобраните на Република Македонија соодветно на Европските омбудсман институции.