Уставниот суд на 10 септември 2025 година ја одржа 18. седница и ги донесе следните решенија:
I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.177/2020
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 81 став 7 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр.106/2007, 88/2010, 36/2011, 53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 113/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.28/2021, 122/2021 и 60/2023).
Подносител на иницијативата: Иван Колевски
2. Реферат У.бр. 199/2023
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 46 став 1 и член 62 став 1 од Законот за вештачење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023).
Подносител: Оливер Давидовски
3. Реферат У.бр. 103/2024
Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 78 став 1 алинеја 3 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016, 25/2018 и 233/2018).
Подносител: Друштво за трговија ИЛКОМ ПСС ДОО преку законски застапник Симеон Петров
4. Реферат У.бр. 152/2024
Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 2, член 4 и член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023).
Подносител: Комора на извршители на Република Северна Македонија
5. Реферат У.бр.241/2024
Оваа точка е повлечена од Дневен ред за некоја од наредните седници поради дополнително испитување (проучување) на некои околности.
Оспорен акт: Членовите 1, 2, 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2024).
Подносител на иницијативата: Тони Јакимовски
6. Реферат У.бр. 28/2025
Поради отсуство на судијата-известител, оваа точка ќе биде ставена на Дневен ред на следната седница.
Оспорен: Член 77 став 4 во делот „целост“ од Законот за акцизите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/2019, 143/2019, 225/2019, 275/2019, 77/2021, 57/2022, 209/2023 и 265/2024) .
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
7. Реферат У.бр. 31/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 172 став 3 во делот „500.000“ од Законот за јавните набавки (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 87/2021 и 14/2025).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
8. Реферат У.бр.46/2025
Судот ја запре постапката за оценување на уставноста на член 160 став 6 од Законот за високото образование. Подносителот на иницијативата во текот на претходната постапка ја повлече иницијативата, по што Судот одлучи дека се исполнети условите за запирање на постапка согласно член 39 алинеја 2 од Актот.
9.Реферат У.бр.217/2024
Судот поведе постапка за испитување на уставноста и законитоста на Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации („Службен весник на Република Македонија“ бр.154/2010).
Подносител на иницијативата: Васе Андриевски
10.Реферат УЗ.бр.2/2025
Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Програмата за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2024 година бр.09-6676/9 од 26.09.2024 година и Програма за урбанистичко планирање за 2024 година пречистен текст бр.09-6676/9 од 26.09.2024 година, донесени од Советот на Општина Карпош, објавена во „Службен гласник“ бр.16/2024 година.
Подносител на иницијативата: Државен инспекторат за локална самоуправа, в.д. директор Хаќим Рамадани