Уставниот суд ќе ја одржи 17. седница на 17 јули 2025 година со почеток во 9:30 часот. Предвидено е да се одлучува по два предлога по Нацрт-решенија:
I. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-РЕШЕНИЈА
1. У.бр.238/2024
Судот на 16 април 2025 година поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 од Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за усвојување на ценовник за собирање и транспорт на отпад на територија на Општина Тетово, бр. 08-4692/2 од 05.04.2024 година, донесена од Советот на Општина Тетово („Службен гласник на Општина Тетово“ бр.5/2024 од 08.04.2024 година).
2.У.бр. 137/2017
Судијата-известител на 16. седница одржана на 9 јули 2025 година го повлече предметот од Дневен ред со објаснување дека ќе биде изработен нов предлог-реферат за одлучување, бидејќи на 27.06.2025 година во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен нов Закон за електронски комуникации. За овој предмет Уставниот суд определи рок од 6 месеци на Собранието на Република Северна Македонија согласност со ставовите на Судот изнесени во образложението на Решението
У.бр.137/2017
Линк од наведеното Решение: https://ustavensud.mk/archives/30896