Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, по повод Денот на независноста, во свое лично име и во име на Судот, упатува искрени честитки до сите граѓани:
Почитувани сограѓани,
Вековниот стремеж за самостојна, независна, суверена и демократска Македонија стана стварност на 8 септември 1991 година. Граѓаните на тој ден запишаа историја! Историја на која треба да сме горди и која треба да ја славиме. Но, тој ден истовремено и ги задолжи сите сегашни и идни генерации, не само да негуваат почит и благодарност кон нашите предци, туку со истата решителност љубов и одговорност да ја сакаат татковината и да се вложат во нејзиниот просперитет.
Денес вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава. Денес, чин на врвен патриотизам претставува вистинската посветеност на владеењето на правото!
Да ни е честит Денот на независноста – 8 Септември!