Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, оствари средба со претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, и судијката проф. д-р Ана Павловска Данева.
На средбата беше изразено заемно задоволство од високото ниво на соработка и од континуираниот дијалог за прашања од областа на уставното судство и владеењето на правото.
Членовите на Венецијанската комисија пројавија интерес за значењето и содржината на одлуката на Судот У.бр.90/2024, со која беа укинати одредби од повеќе закони и подзаконски акти што се однесуваат на поимот „припадност на заедниците“, меѓу кои се и делови од Методологијата за планирање на вработувања во јавниот сектор согласно начелото на соодветна и правична застапеност, во јавноста препознатлива како „Балансер“.
Двете страни изразија подготвеност за продолжување на соработката и дијалогот и во наредниот период.
Средбата се реализираше на 3 септември во просториите на Уставниот суд.