Лилјана Ингилизова – Ристова

Лилјана Ингилизова – Ристова

Судија 2003 – 2012 | Претседател 2003 – 2006

2003 – 2012 | Претседател 2003 – 2006

Кратка биографија

Родена е на 2 декември 1946 година во Скопје, Република Македонија. По народност е македонка. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје 1969 година.Правосуден испит положила 1973 година. Приправник и стручен соработник во Окружниот суд во Скопје 1970/76 година. Судија на Општинскиот суд Скопје II – Скопје, 1976/82 година каде работела во граѓанското и кривичното одделение. Претседател на Собранието на општина Чаир – Скопје 1982/85 година. Судија на Окружниот суд во Скопје од 1985/95 година каде работела по кривични предмети во втор степен – жалбена постапка. Четири години била претседател на второстепен кривичен оддел. Судија на Врховниот суд на Република Македонија од јуни 1995 година, каде работела во Одделот за казниви дела, четири години била претседател на истиот оддел. Од декември 2002 година била судија кој го заменува Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија.

Претседател на Државната изборна комисија била од 1995 до септември 1999 година, кога се спроведени локалните избори во 1996 година и парламентарните избори 1998 година кои странските набљудувачки мисии и домашните набљудувачи ги оценија солидно. Судија на Уставен суд на Република Македонија е од 31 мај 2003 година. Претседател на Уставен суд на Република Македонија е од изборот со тајно гласање на седницата на Судот одржана на 2 јуни 2003 година. Членува и учествува во работата на стручните здруженија на судиите и правниците. Има објавено стручни трудови од областа на кривичното право во стручните списанија “Судиска ревија” и “Македонска ревија за казнено право и криминологија”. Учествувала со стручно излагање на Светската конференција за изборни системи (Москва 25 – 30 октомври 1997 година) во организација на Интернационалниот форум за изборни системи (ИФЕС) од Вашингтон.

Одликувана со Ореден на труд со сребрен венец 1985 година.