Во периодот од 14-16 јули 2025 година се одржува третиот специјализиран тренинг за советниците во Уставниот суд кои работат на предмети.
Обуката се организира во рамки на Проектот на Европската Унија за поддршка на владеењето на правото и унапредување на човековите права, посветен на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), поддржан од ИПА 3 механизмот.
Фокусот на обуката е ставен на членовите 9-11, членот 14 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), како и член 1 од Протокол бр. 12.
Во рамки на програмата предвидено е да се држат обуките на следните теми:
-Вовед во HUDOC, платформата за споделување знаење за ЕКЧП;
-Критериуми за прифатливост со презентација и практична контролна листа;
-Студија на случај : Симулација усни аргументи и советување;
-Методологија за цитирање на судска пракса на ЕСЧП;
Завршна сесија за изработка на нацрт-документи, размислувања за практичните примени;
-Практична работа преку студии на случај, вклучувајќи:
- Изготвување на одлука за прифатливост и основаност;
- Сесија со прашања и одговори;
- Завршна сесија посветена на практичните аспекти на примената на стекнатото знаење.
Како тренери- обучувачи за оваа работилница се ангажирани правните експерти кои работат на ИПА проектот, Маргарита Цаца Николовска- поранешна судијка во ЕСЧП, Мартин Сопронов и Штефица Стажник.
Ова е трета работилница која се организира со поддршка на ЕУ проектот со цел зајакнување на кадровските капацитети на Уставниот суд, подобрени законодавни, нормативни компетенции на надлежност на Уставниот суд и заштита на основните права, зајакнати менаџерски, административни и капацитети за човечки ресурси, зголемена транспарентност и подобрено управување со работата на Уставниот суд и квалитетот на уставната правда.

