Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/2021 од 20 јануари 2021 година, Су.бр.70/2022 од 24 јануари 2022 година и Су.бр.149/2023 од 26 јануари 2023 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува
JАВЕН ОГЛАС бр. 1/2025
за вработување на неопределено време во Службата
на Уставниот суд на Република Северна Македонија
1. Самостоен советник-координатор на внатрешната ревизија во Одделението за внатрешна ревизија – 1 (еден) извршител
Посебни услови: Економски или правни науки, ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен); да поминале обука и положиле испит за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор според Програма за полагање на испит за овластен внатрешен ревизор или да поседуваат меѓународно признат ревизорски сертификат, имаат најмалку три години работно искуство во внатрешната или надворешната ревизија, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Паричен нето износ на основна плата: 55.251,00 денари (во кој не е вклучен додатокот на плата врз основа на работен стаж).
2. Самостоен советник-лектор по албански јазик во Одделението за преведување – 1 (еден) извршител
Посебни услови: Наука за книжевноста-група албански јазик, ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; работно искуство од најмалку четири години во струката; познавање на друг јазик ќе се смета за предност; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Паричен нето износ на основна плата: 55.251,00 денари (во кој не е вклучен додатокот на плата врз основа на работен стаж).
3. Советник за стручно-аналитичка работа во Одделението за стручно-аналитички работи, меѓународно и компаративно право – 1 (еден) извршител
Посебни услови: Правен факултет, ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; работно искуство од најмалку три години во струката; активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Паричен нето износ на основна плата: 47.618,00 денари (во кој не е вклучен додатокот на плата врз основа на работен стаж).
4. Административен работник-технички секретар во Одделението за поддршка на работата на секретарот – 1 (еден) извршител
Посебни услови: Вишо, средно или високо образование (ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен); со или без работно искуство; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Паричен нето износ на основна плата: 33.963,00 денари (во кој не е вклучен додатокот на плата врз основа на работен стаж).
5. Техничи работник-работник во кујна во Одделението за општи и административно-технички работи – 1 (еден) извршител
Посебни услови: основно или средно образование; со или без работно искуство.
Паричен нето износ на основна плата: 31.151,00 денари (во кој не е вклучен додатокот на плата врз основа на работен стаж).
• Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; активно да го користи македонскиот јазик; да е полнолетен; да има општа здравствена способност за работното место; и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. *Уверенијата за општа здравствена способност и дека на кандидатот не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не треба да се постари од шест месеци сметано од денот на поднесување на пријавата.
• Распоред на работно време: Работни денови: понеделник-петок; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време: од 08:00 до 16:00 часот.
• Општи информации за кандидатите: Кандидатите поднесуваат Пријава за вработување во Службата на Уставниот суд која може да се преземе од интернет страницата на Судот, објавена во категоријата „Јавност“, поткатегоријата „Објави“ https://ustavensud.mk/archives/35461
Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите може да ги доставaт преку Писарницата на Судот или преку пошта со назнака „за Оглас бр.1/2025“, на следната адреса: Уставен суд на Република Северна Македонија, ул. „Кеј „Димитар Влахов“ бр.19, 1000 Скопје.
Рок за пријавување на огласот е заклучно со 7 август 2025 година.
Ненавремените и некомплетно пополнети пријави со несоодветни и нецелосни докази нема да се разгледуваат. Во зависност од работното место за коешто аплицира кандидатот ќе биде спроведено стручен испит и/или интервју. Стручниот испит претставува писмена проверка на стручноста, знаењата и вештините на кандидатот за извршување на работните обврски за работното место за коешто аплицирал. Одлуката за избор на кандидатите ќе биде објавена на интернет страницата на Уставниот суд: www.ustavensud.mk.