Соопштение по одржаната 15 седница на Уставниот суд

На 2 јули 2025 година Уставниот суд ја одржа 15 седница на која се дискутираше по девет иницијативи, одлучи по едно барање за заштита на слободи и права.

I.    ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.67/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ловство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 91/2023).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

2. Реферат У.бр.189/2023

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 235 став 4 од Царински закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/2005, 4/2008, 62/2009, 117/2009, 35/2010, 48/2010, 158/2010, 44/2011, 53/2011, 11/2012, 171/2012, 187/2013, 180/2014, 15/2015, 129/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 144/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/2021).

Подносител: Зоран Величковски, адвокат

3. Реферат У.бр.220/2024

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 35 став 2 во делот „од членот 33 став (1) на овој закон“, член 58 став 2, член 59 став 2, член 66 став 2, член 88 став 6, член 93 став 1 во делот „најдоцна до завршувањето на истражната постапка“, член    111 став 2 во делот „став (1)“ од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018).

Подносител на иницијативата: д-р Леонид Трпеноски, адвокатско друштво “Трпеноски”

4. Реферат У.бр.3/2025

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 40-a став 6 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 29/2014, 33/2015, 193/2015 и       71/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019, 275/2019, 14/2020, 171/2022, 65/2023, 14/2024 и 30/2024).

Подносител на иницијативата: Мултиетнички синдикат Скопје

5. У.бр.10/2025

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 50 став 2 во деловите „и стручно лице-тренер“ и „други податоци што се значајни за остварениот резултат“ од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2002, 66/2004, 81/2008, 18/2011, 51/2011, 64/2012, 148/2013, 187/2013, 42/2014, 138/2014, 177/2014, 72/2015, 153/2015, 6/2016, 55/2016, 61/2016, 106/2016 и 190/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2019, 244/2019, 53/2024, 74/2024, 170/2024 и 59/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

6. Реферат У.бр.48/2025

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 14 став 1 алинеја 7 во делот „на“ од Законот за супервизија на осигурувањето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2002, 84/2002, 98/2002, 33/2004, 79/2007, 8/2008, 88/2008, 56/2009, 67/2010, 44/2011, 7/2012, 45/2012, 64/2012, 23/2013, 188/2013,       30/2014, 43/2014, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019, 31/2020, 173/2022 и 3/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

7. Реферат У.бр.2/2025

-Не се поведува постапка да за оценување на автентичното толкување на член 39 став 3 од Законот за надворешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2006, 140/2007, 107/2008, 131/2008, 26/2013, 39/2014, 61/2015 и 226/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.267/2024) и Автентичното  толкување на член 45 став 4 од Законот за надво- решни работи („Службен весник на Република    Македонија“ бр. 46/2006, 140/2007, 107/2008, 131/2008, 26/2013, 39/2014, 61/2015 и 226/2015 и „Службен весник на Република Северна        Македонија“ бр.267/2024).

Подносител на иницијативата: Сали Мурати, пратеник

8. Реферат У.бр.192/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 8 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија донесен на ден 1 јуни 2024 година.

Подносители на иницијативата: Александар Ристески и Рајна Наумовска-Марковска, адвокати од Скопје

9. У.бр.30/2024

Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Центар – Скопје бр.08-4264/1 од 01.10.2020 година.

По сопствена иницијатива Уставниот суд поведе постапка за оценување на одредбите од Деловникот на Советот на Општина Центар.

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

У.бр.276/2024

Се одбива барањето за заштита на слободите и правата на подносителот Андреј Димовски. Поради интерес на јавноста, Уставниот суд за овој предмет објави посебно соопштение за јавноста. 

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

У.бр.267/2024

Поради недоволно мнозинство при гласањето, овој предмет останува во фаза на гласње.