Игор Спировски

Игор Спировски

Судија

2003 – 2012

Кратка биографија

Роден е на 8 мај 1960 г. во Скопје, Република Македонија. По националност е македонец. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 1982 г. Положил правосуден испит во 1984. Освен тоа, тој е овластен обучувач за прашања на Европската унија, врз основа на диплома од Институтот за европска политика од Берлин, 2002 . Своето правничко искуство го стекнувал како приправник и стручен соработник во Судот на здружениот труд на Македонија (1983/84); помлад стручен соработник, стручен соработник и виш стручен соработник во Уставниот суд на Македонија (1984/86); советник и виш советник во Уставниот суд на Македонија (1987 до 1992); секретар на Собранието на Република Македонија (1992 до 1997); советник на Уставниот суд на Република Македонија (1997/2001); и генерален секретар на Уставниот суд на РМ (2001 – 2003)

Тој е заменик член на Европската комисија за демократија преку правото на Советот на Европа (Венецијанска комисија) од 1998; член на Меѓународното здружение за уставно право (од 1994-1999 член на Советот на здружението); член на Здружението за уставно право на Македонија (од 1994-1999 и од 2001 – член на претседателството); член на проектот Ригас, Центар за европско уставно право од Атина, Грција; со-основач на Здружението “Македонски правен ресурсен центар” и член на извршниот одбор (здружението се занимава со презентација на правни информации – закони, судски одлуки ит.н. – на Интернет); соосновач и член на здружението “Македонски центар за европска обука”; поранешен член на Здружението на генералните секретари на парламентите во светот и на Комитетот за законодавни специјалисти на Меѓународното здружение за политички науки

Автор е на бројни научни и стручни трудови објавени или презентирани во земјата и странство од областа на уставното право, особено парламентаризмот, поделбата на власта, уставното судство, јавната администрација и човековите права (објавени во САД, Франција, Германија, Мексико, Македонија, Грција, Полска, Шпанија)