Добрила Кацарска

Судија

Добрила Кацарска

Судија

Родена е во 1957 година во Ресен. Диполомирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ Скопје во 1982 година, а правосудниот испит го положила во февруари 1984 година.

Од 1982 до 1984 година работела како приправник во Општински суд Скопје 1 Скопје, од 1984 до 1986 година како стручен соработник во Основен суд Скопје 1 Скопје, а од 1986 до 2005 година била судија во Основен суд Скопје 1 Скопје во Граѓански оддел-Парница.

Од 2005 до 2009 година била Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, а од 15.02.2009 година до 13.07.2009 година ВД Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје. Од 13.07.2009 година била распоредена во Кривичен Оддел – кривично полнолетни до 09.01.2018 година кога била распоредена во Одделението надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција.

Две години била одговорен судија во парничниот отсек; два мандати член на Управен одбор на Здружение на судии, при што еден мандат и Заменик претседател; од 2007 година била член на Дисциплинскиот совет на Нотарска комора, а од 2008 година била Заменик на претседателот на Дисциплинскиот совет на Нотарската комора; од септември 2008 година до месец јули 2009 година била Претседател на Советот за судска служба.

Во текот на 2006 година едукатор за новоизбрани претседатели и секретари на судови; Обучувач на обучувачи-напредно ниво на судските службеници на тема„ Управување со движење на предмети“; Панелист-презентер на Првата судска административна конференција на РМ; Панелист-презентер на тема „Ориентација на нови претседатели на судови“; Панелист на судската административна конференција на Македонија на тема „Меѓувладина соработка, развој на стратегии за признавање и почитување на меѓусебните улоги во демократско општество кое се раководи според владеењето на правото“.

Учество на повеќе советувања за различни теми и тоа: Примена на европските стандарди за правосудниот систем во пресрет на претстојни реформи; Европски стандарди и модели за избор и именувањ на судии и обвинители; Програма за обука по права на Европска унија – пилот обука на едукатори по право на Европска унија; учество на Регионална работилница на тема„ Влијанието на правото на европската заедница на национално ниво и заштита на основните права од Европскиот суд на правата и Европскиот суд за човекови права“; Конференција на тема „Организација на судството во Германија“

Учество на Регионална работилница на тема„Пристап до судовите 1 и 2 дел одржана во Белград; Студиска посета на Бања Лука на тема „медијација во судски постапки“; Студиско патување во Ирска и Словачка на тема „Судски деловник за работа на судовите и управување со предмети“; Студиска посета на судот во Босна и Херцеговина – Оддел за воени злосторства; Студиска посета на Италија организирана преку Твининг проектот-Одделение за борба против организиран криминал и корупција, Јавното обвинителство во соработка со Министерство за правда на Италија и меѓународниот институт за виши кривични судии од Сиракуза, Италија во Сицилија, Палермо и Катанија, Окружни обвинителства за борба против организиран криминал

Била член во работните групи за изготвување на неколку закони и тоа: Измени на Законот за адвокатурата, Законот за судската служба, Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, Законот за измени и дополнувања на Законот за општата управна постапка. Исто така, била еден од авторите на Прирачникот-Водич за новоизбрани претседатели и секретари на судовите.

За судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е избрана на 26 ноември 2020 година.