Исмаил Дарлишта

Исмаил Дарлишта

Судија

2008 – 2017

Кратка биографија

Роден е на 04.04.1964 година во Скопје, Република Македонија, по националност Албанец. Основното и средното образование го завршува во Скопје, а потоа во 1984/85 година се запишува на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина. Дипломирал во 1989 година, а правосудниот испит го положува во Скопје во 2001 година. По дипломирањето, во периодот од 1990-1996 година работи како советник на Собранието на Град Скопје.

Истовремено, во периодот од 1996-2000 година е заменик член на Државната изборна комисија и работи како самостоен референт во Општина „Центар“ во Скопје. Потоа се вработува како заменик директор во Агенцијата за Државни службеници во периодот од 2000-2002 година. Во периодот од октомври 2002 до октомври 2003 година е именуван за министер за правда на Република Македонија. Од 20 јули 2005 година до 31 декември 2006 година работи како член на Републичкиот судски совет.

На функцијата – судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 31 јули 2008 година.