д-р Тодор Џунов

Судија

д-р Тодор Џунов

Судија 1994 - 2003 | Претседател 2000 - 2003

1994 – 2003 | Претседател 2000 – 2003

Кратка биографија

Роден е во 1931 година во с. Ваташа-општина Кавадарци, Македонец. Дипломирал на Правен факултет на Универзитетот во Скопје 1954 година, доктор на правни науки на Универзитетот во Скопје во 1963 година, на тема “Меѓународно правно регулирање на користењето на реките и езерата вон пловидба”.

Работел 38 години на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје како асистент, доцент, вонреден професор и редовен професор по Меѓународно право и Меѓународни односи. Бил декан на Правниот факултет во Скопје (1981-1983), ректор на Универзитетот во Скопје (1985-1988), претседател на Заедницата за научни дејности на Македонија. Бил член или шеф на делегации во меѓувладини тела за водостопански прашања, за меѓународна научна и технолошка соработка со Грција, САД, Велика Британија, за сукцесија на поранешна СФРЈ, на балкански и европски ректорски конференции, на конференции на УНЕСКО, ОН и др., бил арбитер на надворешно-трговска арбитража, а сега е арбитер на Судот за мирење и арбитража на ОБСЕ.

Автор е на повеќе од стотина научни и стручни трудови, меѓу кои позначајни се: универзитетски учебник по Меѓународно приватно право (четири изданија); “Меѓународно регулирање на користењето на водите” 1979 (научен труд со наградата “11 Октомври” 1980), Надворешна политика на СФРЈ и неврзувањето 1989; Збирка закони од МПП (две изданија, 1984, 1987) и др.

Носител е на Републичката награда за научен труд “11 Октомври” 1980, Орден за труд и за заслуги за народ, Златна плакета и статуа “Јустинијан” на Правниот факултет; Плакета на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје, универзитетите на поранешна СФРЈ, Софијскиот универзитет, Универзитетот “Мартин Лутер” Хале-Виртенберг, Германија.

За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран во 1994, а претседател на Уставниот суд е од 2000-2003 година.