Владимир Стојаноски

Судија

Владимир Стојаноски

Судија

Кратка биографија

Роден на 16.06.1962 година во Битола. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на правниот факултет во Битола во 1988 година. Правосуден испит положил во Скопје 1991 година.

За судија на Врховниот суд на Република Македонија е избран на 13.09.2010 година. Работел прво како стручен соработник, потоа како советник и државен советник во Владата на Република Македонија во периодот од 1992-2002 година, во 2002 година во Фонд за земјоделство како пом. директор за финансиски и правни работи, во 2004 година во Министертво за земјоделство, шумарство и водостопанство како пом. раководител на сектор за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој и во 2006 година како Директор во Бирото за судски вештачења. За судија во Управниот суд е избран во 2007 година. На 13.09.2010 година, е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија. На функцијата – судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 14 април 2011 година.

Друго работно искуство

Член на Комисија за завршен испит на Академија за обука на судии и јавни обвинители (ноември 2008); Член на Правниот совет на Владата на Република Македонија (јуни 2001), Интернационален сертификат за јавна администрација – Програма за организација на Владата и канцеларијата на Претседател на Владата на Обединето Кралство (ноември 2001), Центар за Европско Уставно право (октомври 1999). Влада на Република Македонија – член на Комисија за политички систем (1998-2002). Член на комисии за изработка на предлог закони од областа на правосудниот систем, градежништво, урбанизам и просторно планирање, земјоделство и рурален развој и од други области.