Јован Јосифовски

Судија

Јован Јосифовски

Судија

Кратка биографија

Јован Јосифовски е роден на 10 април 1948 година во Тетово, Република Македонија и по националност е Македонец.
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје 1974 година. На 1 Мај 1975 година, засновал работен однос како приправник во Републичкиот секретаријат за законодавство и организација, а во 1979 година бил распоре­ден на работно место самостоен референт во Републичкиот секретаријат за законодавство и организација. На 1 април 1983 година бил распореден на работно место советник во Републичкиот секрета­ријат за законодавство и организација каде вршел работи што се однесуваат на следење и проучување на правниот систем, следе­ње на состојбите и појавите во областа на организацијата и мето­дот на работа на управата и прописите за органите на управата.

-Од 1983 до 1985 година бил назначен за началник во Градскиот комитет за комунални работи и сообраќај каде работел на нормативна дејност од надлежност на Град Скопје;
-Од 1985 до 1990 година бил назначен за советник во Законодавно – правната комисија на Собранието на Република Македонија;
-Во 1990 година бил назначен за советник во Собранието на Република Македонија, а ги вршел работните задачи на советник во Законодавно – правната комисија на Собранието на Република Македонија;
-Во 1992 година бил назначен за секретар за Законодавно – правната комисија на Собранието на Република Македонија;
-Во 1997 година бил назначен за самостоен советник во Секторот за работни тела на Стручната служба на Собранието на Република Македонија;
Во 1999 година бил именуван од Собранието на Република Македонија на функцијата заменик на секретарот на Собранието на Република Македонија која ја вршел до 4 декември 2002 година;
-Во 2003 година се стекнал со статус на државен службеник и бил распореден на работно место со звање советник на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија;
-На 14 април 2006 година од Собранието на Република Македо­нија бил избран за Претседател на Државна изборна комисија;
-На 4 декември 2008 година од Собранието на Република Македо­нија бил избран за член на Државна изборна комисија;
-На 8 ноември 2011 година од Собранието на Република Македо­нија бил избран за член на Државна изборна комисија;
Бил учесник во повеќе циклуси како ангажирано лице во помош­ното работно тело на Државна изборна комисија при спроведување на парламентарни избори 2002 година, референдум 2004 година, претседателски избори 2004 година и локални избори 2000 и 2005 година;
На 23.07.2012 година, Собранието на Република Македонија со одлука констатирало дека му престанала функцијата – член на Државна изборна комисија, пред истекот на мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија.
На функцијата – судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 24 декември 2012 година.
Други активности:
Учествувал во проект на UNDP „Еден гласач, едно гласачко ливче“
Учествувал на меѓународни конференции за размена на меѓународни искуства во спроведување на избори;
Учествувал на студиски престој во Република Словенија и Мексико, посветен на водење методолошка и техничка обработка на избирачки список,
Соработувал со IFES – Меѓународна фондација за изборни системи при спроведување на референдум, парламентарни, претседателски и локални избори и учествувал на семинари организирани од Канцеларијата за демо­кратски институции и човекови права – ОБСЕ/ОДИХР.