Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Осман Кадриу како судија- известител на предмет, денеска одржаа прес конференција за медиуми, по поголемиот јавен интерес и одговорија на сите прашања поврзани со:
- Укинувањето на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик;
- Укинувањето на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.
- Поништување на изборот за уставен судија на Елизабета Дуковска од страна на Управниот суд
(Прес конференцијата се пренесуваше на МИА- видеото е споделено од официјалниот Фејсбук профил на државната новинска агенција МИА)