Уставниот суд денеска ја одржа 10. Седница на која се дискутираше по седум иницијативи и беа донесени конечни одлуки за четири предмети.
I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.204/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на:
-Член 24 и член 77 од Законот за животната средина;
– Уредба за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката на оцена на влијанијата врз животната средина;
– Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина ;
– Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина;
– Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општините во градот Скопје.
Подносител: Центар за истражување и информирање за животната средина „ЕКО СВЕСТ“, застапувани од Ана Чоловиќ-Лешовска
2. Реферат У.бр.126/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 213 ставови 16, 17 и 18 од Законот за водите
Подносители: Друштво за производство, промет и услуги ГОРСКА ДООЕЛ Скопје, Пелистерка АД Скопје, МЛ-ГАРИ ДООЕЛ и Друштво за производство, трговија и услуги КОЖУВЧАНКА, преку Симона Костадинова, адвокат од Скопје.
3. Реферат У.бр.204/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на Точка 24 од став 1 на член 211 од Законот за животната средина
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
4. Реферат У.бр.246/2024
Не се поведува постапка за оценување на член 33 став 5 и член 33 став 6 во делот „во случаите од ставот (5) на овој член, кога судот не е во можност да одлучи за предметот без списите“ од Законот за управните спорови.
Подносител на иницијативата: Aлександар Наумовски
5. Реферат У.бр.257/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 16 став 3 во делот „и членот 16-б став 2 од овој закон“ од Законот за земјоделското земјиште
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
6. Реферат У.бр.100/2021, У.бр.102/2021 и У.бр.103/2021
Се отфрла инцијативата за оценување на уставноста и законитоста на Правилник за образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта и за начинот на водење на евиденција за издадените лични карти, донесен од министерот за внатрешни работи бр.13.1.1-78898/1 од 20 август 2021 година.
Подносители: Светски македонски конгрес, Томе Тодоровски, адвокат, Политичка партија „Левица”
7. Реферат У.бр.193/2024
Се поведува постапка за оценување на член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности. Се отфрла иницијатитвата за оценување на членот 5 од Правилникот.
Подносител на иницијативата: Валентин Пепељугоски, Светлана Нечева и Бојан Стоилков
II- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
1. У.бр.207/2023
Се укинува член 17 став 3 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 129/2023 и 53/2024).
2. У.бр.5/2024
Се укинува член 54-а став 1 точки 1, 2 и 4 од Правилата за изменување и дополнување на Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 233/20).
3. У.бр.186/2024
Се укинуваат членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/2024 од 11 март 2024).
4. У.бр.244/2024
Се укинува член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.
*Ова соопштение содржи куси информации во врска со одлученото. Уставниот суд дополнително ги објавува одлуките и решенијата во кои се содржани сите аргументи за одлученото