Советниците на Уставниот суд учествуваа на обука организирана преку механизмот ИПА 3 и проектот за зајакнување на капацитетите на Уставниот суд, којшто ЕУ Делегацијата во Скопје.
Во текот на обуката беа разработени теми поврзани со слободата на мислата, совеста и религијата- преку практични примери од Европскиот суд за човекови права.
Воведно обраќање одржа Виктор Гастоз, раководител на ЕУ проектот. За оваа работилница беа ангажирани двајца експерти од областа на човековите права и слободи.
Првата сесија беше посветена на општите правни стандарди поврзани со членот 9 од Европскиот суд за човекови права. Обучувач на оваа тема беше Штефица Стажник, експертка по човекови права и праксата на ЕСЧП ангажирана преку ЕУ проектот.
Во втората сесија, поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, презентираше практични случаи од праксата на ЕСЧП во корелација со членот 9 и македонското законодавство и примена.
Ова е втора работилница која се организира со поддршка на ЕУ проектот со цел зајакнување на кадровските капацитети на Уставниот суд, подобрени законодавни, нормативни компетенции на надлежност на Уставниот суд и заштита на основните права, Зајакнати менаџерски, административни и капацитети за човечки ресурси, зголемена транспарентност и подобрено управување со работата на Уставниот суд и квалитето на уставната правда.
Обуката се одржа на 21 мај 2025 година.
