Делегација на уставните судови на Република Северна Македонија и Република Хрватска на средба со претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова

Делегација предводена од претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судии од Уставниот суд на Република Хрватска остварија средба со Претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.

Судиите од двата суда ја информираа Претседателката Сиљановска-Давкова дека по дваесетина години ја обновуваат соработката и ќе организираат заеднички средби и настани во наредниот период кои се во насока на афирмирање на пријателските односи помеѓу двете држави.

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази заложба за проширување на надлежностите на Уставниот суд за посеопфатна заштитата на човековите слободи и права, изборите и референдумот, но и за преиспитување на некои од нив, како и прецизирање и заострување на условите за стекнување статус на уставен судија.

На средбата се дискутираше и за хрватското искуство со уставниот Закон за Уставен суд, како и за проблемите кои произлегуваат од отсуството на законско регулирање на уставно-правните прашања кај нас.

Средбата се одржа на 21 мај 2025 година. Преттохдно судиите од двата суда одржаа билатерална средба и панел дискусија на теми од уставното судство, во Уставниот суд.