Делегација предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Хрватска, д-р Мирослав Шепаровиќ е во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата, на 21 мај ќе се одржи средба со претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и со уставните судии.
На работната средба ќе се дискутира на три теми: Извршување на одлуките на Уставниот суд, механизми за следење на извршувањето на одлуките на Уставниот суд и механизми на постапување во случај на неизвршување на одлука на Уставниот суд.
Во агендата на оваа посета е предвидена средба со претседателката на Република Северна Македонија, проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова.