Махмут Јусуфи

Махмут Јусуфи

Судија 2004 - 2007 | Претседател 2006 - 2007

2004 – 2007 | Претседател 2006 – 2007

Кратка биографија

Роден во Тетово 1948 година. Во текот на 1973 година, дипломира на Правниот Факултет во Приштина. Положил правосуден испит во 1976 година. Сметано од 1973 година се вработува како правник (во разни должности) во Металуршкиот комбинат “Југохром” Јегуновце. Во 1979 година е назначен за секретар на редакцијата на дневниот весник на албански јазик “Флака”, во Новинско издавачката куќа “Нова Македонија”, а потоа е именуван за директор на информативен центар. Во текот на 1982 година преминува во вршење на самостојна адвокатска дејност во Тетово, која дејност ја врши се до 2000 година кога е избран за член на Републичкиот судски совет. Во структурите на Адвокатската Комора на Македонија е избран како член на Претседателството на Адвокатската Комора на Македонија. Бил ангажиран во Демократскиот Форум за заштита на човековите права како претседател на огранокот во Тетово Бил член на Одборот на Хелсиншкиот Комитет за Македонија. Соработник на Амнести Интернешенал.Бил член на Правниот совет на Владата на Р. Македонија.

Како член на Одборот за контиунирана едукација при Здружението на судиите на Република Македонија учествувал во организирањето на семинари за афирмација на судството во духот на европските интеграциони процеси и воедно бил и модератор. Има објавено повеќе стручни трудови од областа на судството.

Во периодот 2000 – 2003 година е член на Републичкиот судски совет. За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран во текот на месец јануари 2004 година. Претседател на Уставен суд на Република Македонија е од изборот со тајно гласање на седницата на Судот одржана на 2 јуни 2006 година.