д-р Наташа Габер-Дамјановска

Судија

д-р Наташа Габер-Дамјановска

Судија

Кратка биографија

Место и датум на раѓање:Скопје, 09.10.1962
Национална припадност: Македонка
Образование: Основно и средно образование завршила во Скопје, матурирана 1980 година; дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во учебната 1984/85, со среден успех 9,14.
Последипломски студии: Магистрирала на Правниот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“-Скопје, насока Политички и политичко-правни науки, со магистерскиот труд под наслов „Улогата на ПАСОК во социјалистичкото движење на Република Грција“ одбранет во 1990 година, при што се здобила со академски степен- магистер на политичко-правни науки; Докторирала на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје во 1995 година со дисертација под наслов „Мнозинството во системот на политичкото и парламентарното одлучување“ и се здобила со звање доктор по политички науки.

Вработување

Од април 1985 година до октомври 2008 година била вработена во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје; од 7 октомври 2008 година е избрана за судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Стекнати звања

Стекнато научно звање научен советник во 1997, реизбрана во истото во 2006 година; стекнато наставно звање редовен професор во 2006 година; предавала на предметите „Политичко одлучување“ и „Граѓанско општество“ во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања; и „Introduction to Politics“ и “Comparative Political Systems” на англиски јазик и „Избори и човекови права“ и „Глобализација и светски политики“ на македонски јазик на American College – Скопје.

Јазици

Грчки и англиски активно, делумно владеење со француски и италијански

Други активности

Била член на Управниот одбор на Македонскиот центар за меѓународна соработка од 1991 до 2009 година.

Била вклучена во бројни научни проекти и е автор на бројни стручни и научни трудови, стратешки документи, евалуации, истражувања и анализи, од кои дел (од 2000 година до денес) се:

1.“Searching for Election Model Adequate for the Republic of Macedonia”, Macedonian Affairs, Vol. IV No.3, 2002, Macedonian Information Centre (труд во коавторство),

2.„Стратегија за намалување на сиромаштијата во Република Македонија“, делот за граѓанските организации и партиципацијата; 

3. дел од студијата „Политичката култура на граѓаните на Република Македонија“;

4.дел од студијата „Изворите и факторите на меѓуетничката (не)толеранција во процесите на образованието“;

5.„Searching for Election Model Adequate for the Republic of Macedonia“;

6.“Јавното мислење за здравствените реформи“ ИСППИ 2001; 

7 „НВО и бизнис-секторот работат заедно за подобрување на фискалната политика“ (коавторство) 2002 година;

8. Државната Стратегија за Ромите во Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика 2004 година

9. Државната Стратегија за домување во Република Македонија Министерство за транспорт и врски 2005 година;

10.„Општествена проценка на здравствениот систем на Република Македонија“ Министерство за здравство 2004 година;

11.Учебник „Здруженија на граѓани и фондации“ во коавторство со д-р Борче Давитковски и д-р Даглас Ратзен, Правен факултет Јустинијан Први, 2001

12.A New Balance: Democracy and Minorities In Post-Communist Europe, Edited by Monica Robotin and Levente Salat, (коавторство) “Minorities in Political Life in the Republic of Macedonia” p-41-64, LGI Books 2003

13.Во книгата „Функционирање на системот на локалната самоуправа во Република Македонија“ текстот “Системот на локалната самоуправа во Република Македонија наспрема невладиниот сектор“ стр.231-244, ИСППИ 2004

14.“Transformation of the Macedonian Political System and Inclusion of Ethnic Groups”, SEER, Nomos, Vol.7- No 1 (pp 87-97) (коавторство)

15.”Macedonian Census Results- Controversy or Reality?”, SEER (South East Europe Review for Labour and Social Affairs), Nomos, Vol.7- No 1, (pp 99-110) (Коавторство) 

16.„Државно финансирање на невладиниот сектор во Република Македонија“;

17.“Relations of the Civil Society Sector and the Business Community”, Der Donraum, Vienna 2006

18.дел од студијата „Јавното мислење за корупцијата во Република Македонија“ за потребите на ДКСК;

19 дел од студијата „Јавното мислење за верското образование во Република Македонија“ за ФИООМ 2007 година;

20.„Студија за состојбите во руралните заедници“ за МЦМС; 

21.„Партиципацијата на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на политики во Република Македонија“;

22.„Изборниот систем на Република Македонија – Некои Актуелни Дилеми“; и други трудови

Други ангажмани

Работа во комисиите: за Законот за избор на пратеници 2002 и Законот за локални избори 2004; кодификацијата на изборното законодавство 2005 и негово амендирање во 2007 година ; на измените на Законот за здруженија на граѓани и фондации од 2003 до 2008 година; креирање на националната програма на Државната антикорупциска комисија 2007 година; на Законот против сите видови дискриминација 2005 година;