Соопштенија

1,101

Архива

Изберете година и месец

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството 
06/10/2026
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од судијата Добрила Кацарска и советникот на Судот Мартин Трајановски, учествуваше на меѓународната конференција „За Уставот, државата и демократијата“, одржана од 1 до 4 октомври во Тиват, Црна Гора. Конференцијата обедини претседатели, потпретседатели и судии на уставни и врховни судови од повеќе европски држави, како и […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот Костадиновски на средба со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер
01/10/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Грегор Прескер. Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Прескер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд, како и за активностите насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и зголемување на довербата на јавноста во Судот. На […]
Домашни активности, Соопштенија
Основан Охридски форум за дијалог и поголема доверба во уставното судство
30/09/2026
По иницијатива на Уставниот суд на Република Северна Македонија и уставните судови на Србија и Босна и Херцеговина, се формира Охридски форум за дијалог за поголема доверба во уставното судство. Станува збор за платформа за регионална соработка, размена на искуства и унапредување на принципите на независност, транспарентност и ефикасност на уставните судови. Целосната содржина и […]
Домашни активности, Соопштенија
Делегација предводена од претседателот Костадиновски на билатерална средба во Уставниот суд во Романија
25/09/2026
Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски денеска, во Букурешт oдржа билатерална средба со претставници на Уставниот суд на Романија. Во фокусот на средбата беа улогата и надлежностите на уставните судови во заштитата на супрематијата на Уставот, како и на перспективите за билатерална соработка. Заедничка тема на средбата беше: „Јавната комуникација на […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Дневен ред за 23. седница закажана за 30 септември (среда) со почеток во 9:30 часот
24/09/2026
На 30 септември (среда) 2026 година, со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 23. седница на која ќе се разгледуваат и гласаат следните предмети: 1. Реферат У.бр.96/2025, У.бр.97/2025, У.бр.98/2025, У.бр.105/2025, У.бр.106/2025, У.бр.108/2025, У.бр.115/2025, У.бр.116/2025, У.бр.119/2025, У.бр.123/2025, У.бр.124/2025, У.бр.125/2025, У.бр.127/2025, У.бр.128/2025, У.бр.130/2025, У.бр.141/2025 и У.бр.143/2025. Оспорена одредба: Член 2 од Законот за изменување […]
Соопштенија
Скендер: Транспарентноста не смее да се поистоветува со прејудицирање и коментирање на одлуките
22/09/2026
Судијата на Уставниот суд, м-р Фатмир Скендер се обрати на регионалната конференција „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, што се одржа во Охрид во периодот 16–17 септември. Во контекст на транспарентното работење на Уставниот суд, тој посочува и на потребата од внимателност при јавните седници, особено за да не се прејудицираат одлуките пред […]
Домашни активности, Соопштенија
Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба
22/09/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со Пол Бајрон, судија во Федералниот окружен суд на САД за Средниот округ на Флорида (U.S. District Court for the Middle District of Florida), кој денеска го посети Уставниот суд. По средбата со претседателот Костадиновски, судијата Бајрон оствари средба и со сите судии на Уставниот суд, […]
Домашни активности, Соопштенија