Соопштенија

Известување за одржување на подготвителна седница
29/09/2020
Уставниот суд на Република Северна Македонија, на 1 октомври 2020 година со почеток од 10,00 часот, ќе одржи подготвителна седница по предметот У.бр.97/2019 во кој е оспорена уставноста на членовите 22 и 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 245/2018).
Дневен ред, Соопштенија
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин
28/09/2020
Денес, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, оствари работна средба со Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, г. Сергеј Баздникин. Повод за оваа средба беше врачување на поканата на министерот за правда на Руската Федерација, г. Констатин Чујченко за претседателот на Судот, г. Мурати, за учество на […]
Домашни активности, Соопштенија
Соопштение
24/09/2020
Денес, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, оствари работна средба со министерот за правда Бојан Маричиќ. На оваа средба, беше разговарано за начините за унапредување на самостојноста на Судот (институционална, административна и буџетска), статусот на уставните судии, заштитата на слободите и правата пред Уставниот суд, за можноста за донесување Закон за […]
Домашни активности, Соопштенија