Соопштенија

Учество на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски на Подготвителниот состанок на Кругот на Претседатели на Европската конференција на уставните судови
28/02/2025
Денеска започна со работа Подготвителниот состанок на Кругот на Претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржува во Тирана. На Подготвителниот состанок на кој учествува претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, на Агендата се повеќе точки меѓу кои и темата за XX-от Конгрес, подготвителните аспекти за Конгресот, предлози […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Соопштение по одржаната 4. седница на Уставниот суд
27/02/2025
По одржаната 4. седница на 26 февруари 2025 година, Уставниот суд го одлучи следното: 1. Реферат У.бр.95/2024 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 4 став 3 во делот „поради судска ненадлежност“ од Законот за медијација („Службен весник на Репуб­лика Северна Македонија“ бр.294/2021). Подносител:  Оливер Давидовски 2. Реферат У.бр.96/2024 Не се поведува постапка за […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски ќе учествува на Подготвителниот состанок на Кругот на Претседатели за XX-от Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови
27/02/2025
На Подготвителниот состанок се очекува претседателите на уставните судови да дискутираат и одлучуваат по повеќе точки, меѓу кои: Извештајот на Комитетот формиран според Резолуцијата III од Кругот на Претседателите, избор и одобрување на темата на XX-от Конгрес, утврдување на детали за одржување на XX-от Конгрес, назначување на генерален известувач кој ќе ги анализира националните извештаи, […]
Меѓународни активности, Соопштенија
(ВИДЕО)Прес-конференција на претседателот д-р Костадиновски за поведување на постапка за членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнвање на Изборниот законик
26/02/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски на прес-конференција за новинарите образложи дел од аргументите на Судот, зошто е поведена постапка за членовите 17 и 18 од Законот за измени и дополнувања на Изборниот законик. „Под сомнеж на уставноста се доведуваат овие членови од аспект на две темелни вредности на нашиот уставен поредок: владеењето на […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ 
24/02/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ.  На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови.  Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со приоритетите во својот мандат и искажа […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Судијата на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева говорник на Меѓународна конференција во Хрватска
21/02/2025
Судијата на Уставниот суд, д-р Ана Павловска-Данева учествуваше на Меѓународна конференција во Опатија, Хрватска, кадешто имаше свое обраќање на темата „Примена на Европските принципи во реорганизацијата на државната администрација во Република Северна Македонија. ” На Конференцијата во текот на првите две сесии беа презентирани практични примери од повеќе држави, и од земјите-членки на ЕУ, но […]
Соопштенија
Останува отворена постапката за оценување на членовите 17 и 18 од Изборниот законик-ќе се гласа во полн состав
19/02/2025
На денешната седница Уставниот суд не донесе одлука за предметот У.бр.186/2026 во кој се оспорени членовите 17 и 18 од Изборниот законик, поради тоа што предлогот за поведување на постапка и оценување на уставноста на оспорените одредби не го доби потребното мнозинство на гласови.  Согласно спротивставените размислувања на судиите, кои беа изнесени и во текот […]
Соопштенија
(ВИДЕО) Поведена постапка за оценување на одредби од Деловникот на Советот на јавни обвинители кои се однесуваат на оценување на стажот на членовите при унапредување во обвинителствата
19/02/2025
Судијата проф. д-р Осман Кадриу во изјава за медиумите ги образложи аргументите за поведување на постапка во која ќе се оценува уставноста и законитоста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија. https://www.facebook.com/share/p/18cF1f9nQb *Видеото е преземено од МИА
Соопштенија