Соопштенија

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија во студиска посета на Република Хрватска
29/05/2023
Петчлена делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија беше дел од студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање и размена на најдобрите искуства од уставно-судската пракса на хрватскиот Уставен суд. Во текот на посетата се организираше работилница со фокус на запознавање со хрватскиот модел на уставна жалба, од основни информации поврзани со правната […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Уставните судии се сретнаа со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања
19/05/2023
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска заедно со сите судии остварија средба со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања на Европскиот Парламент.  На средбата се дискутираше за актуелните предизвици, како што е неизбирањето на уште двајца уставни судии од страна на Собранието, начинот на работа во Уставниот суд […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации
10/05/2023
Уставниот суд информира дека не поведе постапка за оценување на уставност на  Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, што значи дека овие законски измени остануваат во правниот промет.  Уставниот суд оцени дека се неосновани наводите во иницијативата дека оспорените измени и дополнувања се во спротивност со членот 16 од Уставот […]
Соопштенија
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставност на членот 110 од Законот за Јавното обвинителство
10/05/2023
Поради интерес на јавноста Уставниот суд информира дека одлучи да не поведе постапка за оценување на уставност на членот 110 од Законот за Јавното обвинителство  оспорен во предметите У.бр.19/2022 и У.бр.39/2022, што значи тој член останува во правниот промет. Имено, Уставниот суд оцени дека во функција на заштита на уставно загарантираните основни слободи и права […]
Соопштенија