Соопштенија

Соопштение во врска со оспорениот Закон за матична евиденција
20/07/2023
Со оглед на поголемиот медиумски интерес за предметот У.бр.92/2023 кој беше ставен на дневен ред Судот информира дека одлука денеска не е донесена. Имено, судијата известител Дарко Костадиновски предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза да се оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и […]
Соопштенија
Одржана обука на стручната служба во Уставниот суд на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на ЕСЧП”
17/07/2023
Во Уставниот суд се одржа дводневна работилница за стручната служба на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на Европскиот суд за човекови права”.   Во рамки на обуката беа разработени формите и основите на дискриминација, опсегот на употреба на членот 14 и член 1 од Протоколот бр.12 од ЕКЧП и беа спроведени вежби за препознавање […]
Соопштенија
Реакција на Уставниот суд на невистинити и неточни тврдења на министерот за правда Кренар Лога
13/07/2023
Имајќи ја предвид својата позиција и независност, Уставниот суд е должен да реагира на невистинитите и неточни тврдења искажани од страна на министерот за правда Кренар Лога. Согласно уставната положба која на Уставниот суд му обезбедува да се дистанцира од секаков политички авторитет, Судот укажува дека е недозволиво за член на Владата како носител на […]
Соопштенија
Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинар во Собранието на 27.04.2017 година
12/07/2023
Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се утврди дека е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на Влатко Стојановски сторенa со две пресуди, една од Граѓанскиот суд Скопје од 2021 година и од Апелациониот суд Скопје од 2021 година. Според Судот во двете пресуди е пропуштено да се утврди […]
Соопштенија
По сопствена иницијатива Уставниот суд поведе постапка за одредби од Статутот на Општина Кисела Вода
05/07/2023
По сопствена иницијатива, на предлог на претседателката Добрила Кацарска Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за 3 одредби од Статутот на Општина Кисела Вода. Судот изрази сомнеж во уставноста и законитоста на Автентичното толкување на општи и посебни одредби на донесени урбанистички планови и урбанистичко планска документација донесено од Советот на Општина Кисела Вода […]
Соопштенија
Поведена постапка и донесено решение за запирање на извршувањето на Упатството во кое е опфатено водењето на матичните книги
05/07/2023
Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста за Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, […]
Соопштенија