Соопштенија

Одговор за медиумите во врска со предметот во кој е оспорен член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување
27/11/2025
Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување).  Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година  со мнозинство гласови, изрази сомнеж во […]
Соопштенија
Советникот на Уставниот суд, Александар Лазов учествуваше на регионална конференција за упатствата за надомест на нематеријална штета при дискриминација во организација на ОБСЕ
25/11/2025
Советникот на Судот, Александар Лазов, учествуваше на Регионална конференција посветена на промоцијата на Упатствата за надомест на нематеријална штета во случаи на дискриминација. Настанот беше организиран на 19 ноември во Балград, под покровителство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со мисиите на ОБСЕ во Босна и Херцеговина и Србија. Упатствата, кои беа презентирани […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Успешно спроведена крводарителска акција во Уставниот суд
21/11/2025
Во Уставниот суд денеска се спроведе успешна крводарителска акција, на иницијатива на вработените во Службата. Досега беа собрани 13 крвни единици. Со оваа акција, Уставниот суд ја покажува својата солидарност и се приклучува кон апелите на Црвениот крст за подигнување на свеста за важноста на доброволното дарување крв. Акцијата се реализираше во соработка со Црвениот […]
Соопштенија
Реакција на Уставниот суд за нападите упатени кон судијата Добрила Кацарска и Уставниот суд за предметот со т.н. „линеарно покачување на пензиите”
21/11/2025
Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”. Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку […]
Соопштенија
(НАЈАВА)Крводарителска акција ќе се спроведе во Уставниот суд на 21 ноември 2025 година
20/11/2025
На 21 ноември 2025 година, во периодот од 9:00 до 14:00 часот, во просториите на Уставниот суд, ќе се одржи крводарителска акција. Иницијативата на оваа хумана активност е на вработените од Судот, и досега се пријавени околу 30 дарители, меѓу кои и судии, советници, вработени во Службата. Преку оваа акција, Уставниот суд изразува солидарност и […]
Соопштенија
Зајакнување на меѓународната соработка на Уставниот суд – средби со амбасадорите на Австрија и Италија
20/11/2025
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска оствари средби со амбасадорите на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер, и на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, во рамки на интензивираната меѓународна агенда и зголемената динамика во меѓународните активности на Судот. На средбите, беа разменети мислења и идеи за зајакнување на соработката меѓу Уставниот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Уставниот суд поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување
20/11/2025
Поради поголем интерес на медиумите Уставниот суд информира дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година расправаше по предметот У.бр.13/2025.  Постапувајќи по овој предмет, на предлог на судијата-известител Добрила Кацарска, Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување, објавен […]
Соопштенија