Соопштенија

Одржан брифинг за укинувањето на законските измени на Законот за облигации и Законот за електронски комуникации
27/09/2024
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, заедно со судијките Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева одржаа брифинг за новинарите за два предмета кои се од интерес на јавноста. Oдговорија на сите прашања на новинарите поврзани со предметите за законските измени и дополнувања на Законот за облигациони односи и Законот за електронските комуникации. Судијата проф. д-р Ана […]
Соопштенија
Поведена постапка за три члена од Законот за електронски комуникации кои опфаќаат задржување на „мета податоци” кај операторите
27/09/2024
1. Уставниот суд на 25. седница одржана на 25 септември 2025 година одлучи да поведе постапка за членовите 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации со кои е регулирано задржувањето на „мета податоците“ на граѓаните прибрани преку водење на електронска комуникација. 2. Судот оцени дека оспорените одредби од членовите 176, 177 и 178 […]
Соопштенија
Уставниот суд го укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигацините односи.
26/09/2024
На 25. седница која се одржа на 25 септември Уставниот суд го укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигацините односи. Одредбите кои Уставниот суд ги укина не се во согласност со темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија утврдени со член 8 став 1 […]
Соопштенија
Одржана обука за правните советници во Уставниот суд за слободата на изразување и слободата на собирање и на здружување
23/09/2024
Правните советници од Уставниот суд беа дел од обука на која се обработуваат теми од областа на слободата на изразување и слободите на собирање и здружување, интерпретирани преку праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Во рамки на обуката беа разработени формите и основите на овие права и слободи на граѓаните преку конкретни примери […]
Соопштенија
Костадиновски на Регионална конференција: Уставниот суд бескомпромисно ќе ја поддржува слободата на изразување
20/09/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска беше говорник на регионална конференција во Маврово во рамки на проектот „Зајакнување на владеењето на правото преку медиумска слобода”, во организација на Здружението на новинарите во Македонија и во соработка со организациите Free Press Unlimited и Netherlands Helsinki Comitte. Костадиновски се обрати на темата за слободата на […]
Соопштенија
Соопштение по одржаната 22. седница
18/09/2024
1.   У.бр.90/2024  Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“,од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 143/19 14/20 и 302/20);  член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, […]
Соопштенија
Судот поведе постапка за одредби од неколку закони и подзаконски акти поврзани со зборот „припадност на заедница” при вработувања во јавен сектор
18/09/2024
Уставниот суд денеска поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас при вработување во јавен сектор, односно одредби од акти оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција.  Судот ги оцени како основани наводите во иницијативата на Комисијата и […]
Соопштенија
Работна средба Костадиновски-Вал: Уставниот суд во приоритетите за соработка на ОБСЕ
17/09/2024
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер остварија работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килиан Вал.На средбата беше констатирано успешното спроведување на активностите на Судот поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и предвидени со Меморандумот за разбирање кој беше склучен во февруари 2024 […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Најава за Средба на претседателот д-р Дарко Костадиновски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал
16/09/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски на 16 септември ќе се сретне со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал.  Ова е прва средба на Костадиновски по негоиот избор како претседател и е во насока на продолжување на соработката со Мисијата која во февруари годинава беше означена со Меморандум за разбирање. […]
Соопштенија