Соопштенија

Посета на Уставниот комитет на Сирија во Уставниот суд
29/09/2022
Претставници на Уставниот комитет на Сирија го посетија Уставниот суд на Република Северна Македонија со цел да дознаат и да научат повеќе од македонскиот Устав, со посебен интерес за децентрализацијата, заштитата и условите на немнозинските заедници во општествениот живот. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска ги објасни улогата и надлежностите на Судот,  амандманите со кои […]
Соопштенија
Свечена пригодност по повод пензионирање на Оливера Филиповска, советник на Уставниот суд
23/09/2022
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска  во име на Судот се заблагодари на Оливера Филиповска за долгогодишната соработка и исклучителниот ангажман и организираше свечена пригодност по повод заминувањето во пензија после 20 години посветеност на уставно-судската анализа. Филиповска ја заврши кариерата како советник на Судот, професионалец со стручен кредибилитет и богато искуство како правник. Од […]
Соопштенија
Уставниот суд учествува на 10-та Летна школа за стручните служби на уставни судови
22/09/2022
Советничката на Уставниот суд за меѓународно-правна соработка,  Татјана Јањиќ Тодорова денеска имаше свое излагање во рамки на 10-та Летна школа во организација на Уставниот суд на Република Туркије и Центарот за обука на Асоцијацијата на азиски уставни судови и еквивалентни институции. Во говорот Јањиќ даде осврт на Европската Конвенција за човекови права и нејзината примена […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Делегација на Уставниот суд учествуваше на регионална конференција во Белград
22/09/2022
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на регионална конференција на тема „Примена на Европската Конвенција за заштита на човековите права-искуства и предизвици на судовите во Централна и Југоисточна Европа”. На настанот беше потенцирана улогата на националните судови и судиите во постапките со цел овозможување на ефективна заштита на правата од конвенцијата.  Во […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Предметот кој опфаќа „работа во недела” не доби доволно мнозинство на денешната седница
14/09/2022
Поради интерес на повеќе медиуми и организации Уставниот суд известува дека денеска не донесе одлука за предметот У.бр.4/2022  поради недоволно мнозинство на гласови. Имено, предлог во рефератот на судијата известител е да не се поведе постапка  што значи Законот да остане во правниот поредок, односно недела да остане неработен ден, освен во дејностите за кои е […]
Соопштенија
Честитка по повод 8 Септември-ден на независноста на Република Северна Македонија
08/09/2022
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод денешниот ден на независноста, во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани на државата.  -Денешниот празник  е потсетник за одговорноста и личниот придонес на секој од нас кон остварување на владеењето на правото. Нека 8 Септември остане симбол на силната […]
Соопштенија