Соопштенија

Oформени 15 нови предмети во периодот од 1 септември до 20 октомври 2022 година
28/11/2022
Почитувани,  Во периодот од 1 септември до 20 октомври 2022 година  во Уставниот суд беа оформени 15 предмети по претходно поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост. Согласно Деловникот предметите се распределени кај советници на Судот и судии и се во почетна фаза, односно во претходна постапка. У.бр. 85/22 Подносител: Здравствена уставнова АД Цар […]
Соопштенија
Уставниот суд укина решение со кое се одобрува локална урбанистичко-планска документација во Општина Дојран
24/11/2022
Уставниот суд го укина решението донесено од страна на градоначалникот на општина Дојран на 16.05.2018 година, со кое се одобрува локална урбанистичка планска документација за дел К.П. бр.1073 и др. за К.О. Сретеново, Општина Дојран, изработена од ДГПТУ „СТАН АРТ“ ДООЕЛ Куманово, со тех.бр.26.01.12/17 од април 2018 година, кој опфат опфаќа простор од 4309,00 m². […]
Соопштенија
Соопштение по одржаната 37. седница на Уставниот суд за 2022 година
23/11/2022
Почитувани,  Уставниот суд денеска ја одржа 37. седница на којашто расправаше и одлучуваше по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост. 1.Реферат У.бр. 72/2022 Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на  член 111 став 4 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015,154/2015  5/2016, 142/2016, 11/2018 и […]
Соопштенија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се сретна со шефот на делегацијата на Европска Унија, амбасадорот Дејвид Гир
21/11/2022
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска се сретна со шефот на делегацијата на Европска Унија, амбасадорот Дејвид Гир. Средбата се одржа на барање на евроамбасадорот Гир кој во име на ЕУ изрази силна поддршка и посочи дека го гледа Уставниот суд како пример, централна институција која ќе го предводи процесот на реформи во пристапните […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Писмено обраќање до јавноста на претседателката Добрила Кацарска по повод 31 година од донесување на Уставот
17/11/2022
Почитувани граѓани, На денешен ден, пред 31 година е донесен Уставот со којшто во нашиот уставно-правен поредок беа афирмирани нови темелни вредности, како што се основните слободи и права на човекот и граѓанинот, владеењето на правото, поделбата на државната власт, политичкиот плурализам, слободните непосредни и демократски избори итн. Tоа се вредности коишто се негуваат во […]
Соопштенија
Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Културен центар Иван Михајлов” и „Цар Борис III Охрид”
10/11/2022
Поради интерес на повеќе медиуми и организации Уставниот суд информира дека е оформен предмет во кој се оспорени Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов”.  Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват […]
Соопштенија