Соопштенија

Новоизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работа
31/10/2022
Денеска во Уставниот суд почнаа со работа новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер.  Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември.  Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе […]
Соопштенија
Средба со претставници на ИРЗ: Изработена е студија за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија
27/10/2022
Претставници на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) го посетија Уставниот суд и остварија средба со претседателката на Судот, Добрила Кацарска. На средбата организирана на барање на ИРЗ, претставниците на германската фондација информираа дека е подготвена студијата за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија. Имено, се работи за студија изработена од германски […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Судиите Насер Ајдари и Осман Кадриу учествуваа на меѓународна конференција во Тирана
25/10/2022
Судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија Насер Ајдари и Проф. д-р Осман Кадриу учестуваа на дводневна меѓународна конференција која се одржа во Тирана, Албанија. Преку овој настан Уставниот суд на Албанија  го обележа 30 годишниот јубилеј од основањето на уставното судство.  На научната конференција главен акцент беше ставен на улогата на уставните судови […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Соопштение по одржаната XXXIII-та седница на Уставниот суд
19/10/2022
Уставниот суд денеска ја одржа XXXIII-та седница на која се дискутираше по две иницијативи за оценување на уставност  и законитост  и едно барање заштита на слободи и права и одлучи: 1. Реферат У.бр.55/2022- предлогот не го доби потребното мнозинство гласови. Оспорен: Членот 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република […]
Соопштенија
Соопштение на Уставниот суд по одржаната XXXII-ра седница
12/10/2022
Почитувани,  По одржаната XXXII-ра седница на Уставниот суд денеска, одлучено е да:  1.Реферат У.бр.69/2022- Предметот е одложен за некоја од наредните седници поради дополнително доработување на рефератот.  Оспоренa одредба: Член 19 став 16 од Законот за административни службеници( „Службен весник на Република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и  Службен весник […]
Соопштенија
ЈАВЕН ОГЛАС број – 1/22 за вработување во Стручната служба на Уставниот суд
08/10/2022
          Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година и Су.бр.70/22 од 24 јануари 2022 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2022 за вработување на неопределено време во Стручната […]
Огласи, Соопштенија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со писмо го извести претседателот на Собранието Талат Џафери за истекот на мандатот на судијата Вангелина Маркудова
07/10/2022
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска со писмо го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери дека на 7 декември истекува мандатот на судијата на Уставниот суд, Вангелина Маркудова и дека согласно Уставот се исполнети условите за започнување на постапката за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд од редот на судиите согласно алинеја […]
Соопштенија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со писмо ја извести претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска за истекот на мандатот на судијата Вангелина Маркудова
07/10/2022
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска со писмо ја извести претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска дека на 7 декември истекува мандатот на судијата на Уставниот суд, Вангелина Маркудова и дека согласно Уставот се исполнети условите за започнување на постапката за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд од редот на судиите согласно […]
Соопштенија
Согласно мерките за штедење претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со онлајн учество на V-от Kонгрес на Светската конференција за уставна правда
06/10/2022
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда. Централна тема на Конгресот е „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот”. На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов […]
Меѓународни активности, Соопштенија