Соопштенија

Уставниот суд ја одложи подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост за жртвите од трагедијата во Кочани
17/03/2025
Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март. Судот ја зеде предвид прогласената седумдневна жалост и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата.  Датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително […]
Соопштенија
Уставниот суд изразува најдлабоко сочуство до семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
16/03/2025
Уставниот суд со длабоко жалење ја прими веста за ужасната трагедија во Кочани. Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти судиите изразуваат најдлабоко сочуство до семејствата на настраданите. Ненадоместлива е загубата, ја споделуваме болката и нашите мисли се со родителите роднините и пријателите на трагично настраданите. На […]
Соопштенија
Претседателот Костадиновски на брифинг со новинарите искажа свој личен став за интерпелациите на членовите на Судскиот совет
14/03/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите по повод нивно запознавање со водење на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, закажана за 20 март. Покрај оваа тема, беше прашан за став и за други актуелни прашања во јавноста, во делот на правосудството. Во однос на интерпелациите на членовите кои […]
Соопштенија
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо, секој граѓанин ќе гледа и слуша за што ќе се дискутира на седницата
14/03/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска одржа брифинг со новинарите на кој информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците.  Костадиновски соопшти дека присуство на седницата која ќе се пренесува во живо, потврдиле 13 домашни експерти од областа на уставното право и судовите, како и двајца надворешни експерти. […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски присуствуваше на ифтарска вечера
13/03/2025
Претседателот на Уставниот суд присуствуваше на традиционалната ифтарска вечера, организирана во светиот месец Рамазан од страна на Македонско-турската комора МАТТО. По повод значењето на овој месец, претседателот Костадиновски упатува искрени честитки до сите граѓани од исламска вероисповед. “Им посакувам пред се’ добро здравје, сплотеност и хармонија во нивните семејства. На овој начин симболично се одбележуваат […]
Соопштенија
Уставниот суд поведе постапка за оценување на Методологијата за пописот од 2021
12/03/2025
Судот со мнозинство гласови одлучи да поведе постапка за оспорените одредби од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. (Дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „„Вкупно резидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ и потточка 2 […]
Соопштенија
Амбасадорката на САД Анџела П. Агелер во посета на Уставниот суд 
07/03/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД во земјава, Н.Е. Анџела Прајс Агелер, по што следуваше и работен состанок со судиите на Уставниот суд, проф. д-р Осман Кадриу, Насер Ајдари, Добрила Кацарска,м-р Татјана Васиќ Бозаџиева, проф.д-р Јадранка Дабовиќ, проф.д-р Ана Павловска-Данева.  Претседателот на Судот, Костадиновски ја информираше амбасадорката […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски оствари средба со Билјана Брејтвејт-програмска директорка на AIRE центарот
06/03/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со Билјана Брeјтвејт, програмска директорка за владеење на правото на Западен Балкан при AIRE центарот (специјализирана организација која дава експертиза и практични совети за правните стандарди на ЕУ и Советот на Европа).  На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна г-а Брејтвејт со неговите приоритети и со […]
Uncategorized, Меѓународни активности, Соопштенија