Соопштение по одржаната 22. седница на Уставниот суд

На 23 септември 2026 година, Уставниот суд ја одржа 22. седница, на која беа донесени следните одлуки и решенија:

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

  1. Реферат У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 75-ѓ став 1 и став 12, член 76-д став 5 и член 78-а став 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 33/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019, 42/2020, 74/2021, 58/2024 и 76/2024).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносители на иницијативите: Политичка партија „Левица” и политичка партија „Демократи”.

Судот објави посебно соопштение за овој предмет поради поголем интерес на јавноста.  

2.  Реферат У.бр.146/2024 

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 13 став (2) во делот: “и заклучок” од Законот за извршување (Службен  Весник на Република Северна Македонија“ број  72/2016, 142/2016, 178/2017, 26/2018, 233/2018, 14/2020, 86/2020, 136/2020 и 154/2023).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносител: Оливер Давидовски 

3. Реферат У.бр.12/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 34 став 5 во делот „следува надоместок” од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/2012, 25/2013, 93/2013, 44/2014, 160/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 120/2016, 189/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019, 99/2022, 129/2023, 253/2023 и 147/2024). 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

4.  Реферат У.бр.53/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 12 алинеја 9 од Законот за адвокатурата (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.199/2023). 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносител на иницијативата: Таско Атанасов 

5. Реферат У.бр.148/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 128 став 3 алинеја 1 во делот „материјални и процедурални  недостатоци” од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2013, 41/2014, 101/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.124/2019, 71/2020 и 155/2024).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

6. Реферат У.бр.149/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 112 став 1 алинеја 5 и алинеја 6 во делот „делумно” од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2013, 41/2014, 101/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.124/2019, 71/2020 и 155/2024). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

7. Реферат У.бр.196/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 222 став 1 во делот „…во јавната здравствена установа каде што се вработени или во друга јавна здравствена установа…“ и ставовите 9, 10, 12 и 13 од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2012, 145/2012, 10/2013, 38/2013, 65/2013, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 101/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015, 17/2016, 37/2016, 93/2017, 20/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/2019, 153/2019, 180/2019, 275/2019, 76/2020, 77/2021, 122/2021, 178/2021, 150/2022, 236/2022, 193/2023, 236/2023, 263/2023, 30/2024, 74/2024, 170/2024 и 31/2026). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на инцијативата: Дарко Тодоровски 

8. Реферат У.бр.58/2026 и У.бр.59/2026 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 219 став 2 во делот „или акт“ од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2012, 145/2012, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015, 17/2016, 37/2016, 20/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/2019, 153/2019, 180/2019, 275/2019, 77/2021, 122/2021, 178/2021, 150/2022, 236/2022, 199/2023, 236/2023, 263/2023, 30/2024, 74/2024, 170/2024 и 31/2026) и не поведе постапка за оценување на уставноста на член 226-а став 1 од Законот за здравствената заштита на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2012, 145/2012, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015, 17/2016, 37/2016, 20/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/2019, 153/2019, 180/2019, 275/2019, 77/2021, 122/2021, 178/2021, 150/2022, 236/2022, 199/2023, 236/2023, 263/2023, 30/2024, 74/2024, 170/2024 и 31/2026). (тука можеш да скратиш и напишеш „од истиот закон)

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

9. Реферат У.бр.227/2024 

Поради испитување на дополнителни околности, судијата-известител побара, Судот изгласа предметот да биде повлечен од Дневен ред и да биде ставен на наредната седница. 

Оспорен акт: Одлука за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за корекција на границите на градежната парцела 1.28 од ДУП Крајбрежен појас – локалитет Спортски Општина Ѓорче Петров, Скопје („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” бр.2/2024)

Подносител на иницијативата: Томислав Крстевски преку адвокат Ивица Коневски

10. Реферат УЗ.бр.4/2025 

Поради недоволно мнозинство гласови, предметот останува во фаза на гласање за некоја од наредните седници. 

Оспорен акт: Одлука за одредување височина на нулта плоча за градби кај терени во пад во Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар Скопје” број 1/2024 од 17.01.2025 година)

Подносител на иницијативата: Ѓорѓи Радојков

II- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ 

1. У.бр.23/2025 

Судот ги укина член 1 став 3 во делот „и Академијата за судии и јавни обвинители“, член 5 точка 1 алинеја 1 во делот „и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители“ и алинеја 2 во делот „и Академијата за судии и јавни обвинители“,  член 7 став 3 алинеја 6 и член 17 став 1 во деловите „и од директорот на Академијата за обука на судии и обвинители“ и „Академијата за обука на судии и обвинители“, од Законот за судскиот буџет („Службен весник на Република Македонија“ бр. 60/2003, 37/2006, 103/2008 и 145/2010) и член 66 став 1 во делот „преку буџетот на Судската власт“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 129/2023 и 53/2024).

Оваа одлука произведува правно дејство од 01.01.2027 година. 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

2.У.бр.71/2025 

Поради испитување на дополнителни околности, предметот е повлечен од Дневен ред и  ќе биде ставен на некоја од наредните  седници. 

Оспорени акти: Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.272/2024) и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.272/2024). 

Подносител на иницијативата: Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, застапувано од Елвин Вели, претседател на здружението 

3.У.бр.75/2025, У.бр.84/2025 и У.бр.104/2025 

Судот ги укина членовите 9, 10 и 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 87/2025). 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносители на инцијативата: Деспина Влаќеска, Александар Огненовски и Ана Колиќ Огненовска, адвокати и Химет Лимани 

4. У.бр.138/2025 

Судот го укина член 17 ставови 1 и 2 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.129/2023 и 53/2024). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. У.бр.72/2025 

Судот утврди неуставност и незаконитост на член 3 став 22 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.26/2025), во време на важењето. 

Oдлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносител на иницијативата: Земјоделски комбинат „Пелагонија“ АД Битола, преку извршниот директор Весна Белешовска-Бунтеска