На 30 септември 2026 година, Уставниот суд ја одржа 23. седница, на која беа донесени следните одлуки и решенија:
- Реферат У.бр.96/2025, У.бр.97/2025, У.бр.98/2025, У.бр.105/2025, У.бр.106/2025, У.бр.108/2025, У.бр.115/2025, У.бр.116/2025, У.бр.119/2025, У.бр.123/2025, У.бр.124/2025, У.бр.125/2025, У.бр.127/2025, У.бр.128/2025, У.бр.130/2025, У.бр.141/2025 и У.бр.143/2025.
Поради отсуство на судијата-известител, овој предмет е повлечен од денешната седница и повторно ќе биде ставен на седница на 21 октомври 2026 година.
Оспорена одредба: член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2025).
Подносители на иницијативата по предметот У.бр.96/2025:
Сузана Московска, Љупчо Московски, Милан Гелевски, Лепосава Гелевска
Михаил Апостолски, Роза Апостолска, Лина Петровска, Даница Митева, Снежанка Тодоровска
Подносители на иницијативата по предметот У.бр.97/2025:
Јадранка Мршиќ и Тито Беличанец
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.98/2025:
Игорчо Точев
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.105/2025:
Народен правобранител на Република Северна Македонија
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.106/2025:
Темелко Ристески
Подносители на иницијативата по предметот У.бр.108/2025:
Емил Јанчевски и Стефан Ѓорчев
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.115/2025:
Драги Ѓошевски
Подносители на иницијативата по предметот У.бр.116/2025:
Мирослав Петровски и Зоран Пејковски
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.119/2025:
Јаким Илиев
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.123/2025:
Славчо Илијоски
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.124/2025:
Злате Шулески
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.125/2025:
Јоцо Иванов
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.127/2025:
Владе Левковски
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.128/2025:
Димитар Наунов
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.130/2025:
Стојче Ташков
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.141/2025:
Илија Бендевски
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.143/2025:
Ѓорѓи Ананиев
- Реферат У.бр.163/2025
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 39 став 1 во делот „пред да го поднесат барањето за прекршочна постапка“ од Законот за хидрометеоролошка дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 115/08, 53/11, 51/15 и 149/15).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
- Реферат У.бр.12/2026
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 27 став 1 алинеја 2 од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/2019 и 194/2024).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски
- Реферат У.бр.49/2026
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 5 став 6 и член 44 став 1 точка 3 од Законот за лични исправи на државјаните на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/1992, 20/2003, 46/2004, 19/2007, 84/2008, 51/2011, 135/2011, 154/2011 и 55/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 302/2020, 122/2021, 67/2022, 65/2023 и 45/2025).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносителка на иницијативата: Ирена Васовска
5. Реферат У.бр.227/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за корекција на границите на градежната парцела 1.28 од ДУП Крајбрежен појас – локалитет Спортски, Општина Ѓорче Петров, Скопје („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр. 2/2024).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Томислав Крстевски, преку адвокат Ивица Коневски
6.Реферат УЗ.бр.87/2025
Поради отсуство на судијата-известител, овој предмет е повлечен од денешната седница и повторно ќе биде ставен на седница на 21 октомври 2026 година.
Оспорен акт: Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/2025).
Подносител на иницијативата: Политичка партија „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ – Скопје
7. Реферат УЗ.бр.5/2026
Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 41 став 1 и член 46 ставовите 1 и 2 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024, 275/2024 и 215/2025), како и на уставноста и законитоста на Одлуката бр. 0201-1642/2 од 29.12.2025 година, донесена од Собранието на ЗАМП Скопје.
Одлуката е донесена едногласно.
Подносители на иницијативата: Ѓорѓи Крстевски и Рамиз Јусуфи
8. Реферат УЗ.бр.3/2026
Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во Општина Дојран за 2026 година бр. 08-1841/4 од 25.12.2025 година.
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Ратко Ајцев
9. Реферат УЗ.бр.28/2026
Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување правен статус на бесправни објекти изградени на земјиште на кое, согласно важечката урбанистичко-планска документација, е предвидена намена јавна површина бр. 08-1534/6 од 29.05.2023 година („Службен гласник на Општина Илинден“ бр. 5 од 01.06.2023 година).
Одлуката е донесена едногласно.
Подносител на иницијативата: Марјан Здравковски
II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
- Реферат БЗСП.бр.5/2026
Поради отсуство на судијата-известител, овој предмет е повлечен од денешната седница и повторно ќе биде ставен на седница на 21 октомври 2026 година.
Подносител на барањето: ПАН МОНТИНГ ДООЕЛ Скопје, преку управителот Петар Баришиќ
Предмет на барањето: Барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, кои се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност.
III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
- У.бр.17/2025
Поради отсуство на судијата-известител, овој предмет е повлечен од денешната седница и повторно ќе биде ставен на седница на 21 октомври 2026 година.
- У.бр.32/2025
Поради отсуство на судијата-известител, овој предмет е повлечен од денешната седница и повторно ќе биде ставен на седница на 21 октомври 2026 година.
- У.бр.57/2025
Судот го поништи член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за семејството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 199/2023).
Одлуката е донесена едногласно.
- УЗ.бр.80/2025
Судот го укина член 6 став 4 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 226/2020).
Одлуката е донесена едногласно.