Соопштенија

1,068

Архива

Изберете година и месец

Учество на Меѓународен симпозиум по повод 50 годишнината на Уставниот совет на Франција
30/10/2008
На покана на претседателот на Уставниот совет на Франција Жан Луи Дебре, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата на Уставниот суд д-р Гзиме Старова, од 1 до 4 ноември 2008 година во Париз, ќе присуствуваат на прославата на 50 годишнината од постоењето на Уставниот совет на Франција. По тој […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Регионална тркалезна маса во Дубровник
24/10/2008
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судиите на Уставниот суд Лилјана Ингилизова Ристова и Игор Спировски од 23 до 26 октомври 2008 година ќе престојува во Дубровник на регионална тркалезна маса на уставните судови од просторите на поранешна Југославија што се […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба со претставници на Фондацијата Конрад Аденауер
15/09/2008
На 12 септември 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски оствари средба со г-ѓа Стефани Рикарда Рос, раководител на Програмата за владеење на правото на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Цел на посетата беше запознавање со проектот за преведување […]
Домашни активности, Соопштенија
Учество на XIV Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови
09/06/2008
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски од 2 до 7 јуни 2008 година учествуваше на XIV-тиот Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови што се одржа во Вилниус-Литванија. Тема на Конгресот беше „Проблемите на законодавниот пропуст во уставно-судската практика“ во рамките на која се дискутираше за […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Уставниот суд на Црна Гора во посета на Уставниот суд на Република Македонија
15/05/2008
Од 7 до 10 мај 2008 година Уставниот суд на Црна Гора во полн состав (претседателот на Судот д-р Милан Марковиќ и пет судии) престојуваше во посета на Уставниот суд на Република Македонија. Оваа посета беше прва официјална билатерална средба на уставните судови на двете земји по нивното осамостојување. За време на посетата беше остварена […]
Меѓународни активности, Соопштенија