Соопштенија

1,068

Архива

Изберете година и месец

Посета на делегација на Уставниот суд на Република Бугарија
02/10/2007
На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Бугарија од 3 – 6 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Бугарија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Румен Јанков.
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на меѓународна конференција во Талин, Естонија
11/09/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од д-р Трендафил Ивановски и Игор Спировски, судии на Уставниот суд, од 5-7 септември 2007 година, престојуваа во Талин, Естонија каде што учествуваа на Меѓународна конференција на тема: Политички прашања во уставно-судската контрола: која е линијата на поделба помеѓу мешањето во политичкото одлучување и уставно-судската контрола“. Конференцијата […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Посета на Уставниот суд на Република Албанија
10/05/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Махмут Јусуфи, престојува во Република Албанија во дводневна билатерална посета на Уставниот суд на Република Албанија. Посетата се остварува на покана од претседателот на Уставниот суд на Република Албанија д-р Ѓерѓи Саули и има за цел зајакнување и продлабочување на соработката […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Меѓународен симпозиум по повод 45 Годишнината од постоењето на Уставниот суд на Република Турција
24/04/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Судот г-дин Махмут Јусуфи, д-р Зоран Сулејманов, судија на Уставниот суд и Симона Герасимова Јовановска, советник, од денеска престојува во Анкара, каде што ќе учествува на Меѓународниот симпозиум на тема „Улогата на уставните судови во универзалниот мир и средба на цивилизациите“ организиран по повод […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Делегација на Уставниот суд на Република Македонија на тркалезна маса во Република Црна Гора
14/02/2007
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите Бранко Наумоски и д-р Бајрам Положани, во периодот од 14 до 17 февруари 2007 година ќе престојува во Република Црна Гора, по повод тркалезна маса на тема „Положбата и улогата на Уставниот суд во идниот Устав на Република Црна Гора“ во организација на Уставниот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на меѓународен семинар во Букурешт, Романија
30/11/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Уставниот суд Махмут Јусуфи, судијата д-р Трендафил Ивановски и државниот советник Татјана Јањиќ Тодорова на 23 и 24 ноември присуствуваше на меѓународен семинар на тема: „Гаранции за независноста на уставните судии“. Семинарот се одржа во Букурешт во организација на Уставниот суд на Романија […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Присуство на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва
30/10/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите: д-р Трендафил Ивановски и Игор Спировски во периодот од 26 до 28 октомври 2006 година присуствуваше на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва. Истовремено беше одржан и IX –Меѓународен форум на уставната правда на тема: “Заедничкиот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на делегација на Уставниот суд на советување во Милочер, Република Црна Гора
09/10/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, г-дин Махмут Јусуфи во состав од судијата Бранко Наумоски и генералниот секретар на Судот, г-ѓа Милица Николовска учествуваше на  Советување на тема: „Положбата и улогата на Уставниот суд во примената на Европската конвенција за човекови права“ кое се одржа во Милочер, Република Црна […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Посета на Уставниот суд на Република Словенија
02/10/2006
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Судот, Махмут Јусуфи, судиите: Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Игор Спировски и Бранко Наумоски и генералниот секретар Милица Николовска, беше во посета на Уставниот суд на Република Словенија во периодот од 25 до 27 септември 2006 година. На билатералната средба беа разменети искуства […]
Меѓународни активности, Соопштенија