Соопштенија

1,068

Архива

Изберете година и месец

Средба со специјалниот известувач на ООН за слободата на религијата и убедувањето
27/04/2009
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денеска ќе оствари средба со г-ѓа Асма Џахангир, специјалниот известувач на Организацијата на Обединетите Нации за слободата на религијата и убедувањето. Средбата се остварува во рамките на официјалната посета на г-ѓа Џахангир на Република Македонија.
Меѓународни активности, Соопштенија
Поставен камен темелникот на новиот објект во кој ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија
24/03/2009
На 23 март 2009 година беа поставени темелите на новата зграда во која ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски вчера го поставија камен-темелникот за изградба на објектот, а со свечениот чин што беше проследен со света литургија чиноначалствуваше Архиепископот […]
Домашни активности, Соопштенија
Годишна прес-конференција за работата на Судот во 2008 година
16/02/2009
Годишна прес-конференција за работата на Судот во 2008 година Заради остварување на определбата на Уставниот суд на Република Македонија уставните овластувања да ги врши јавно, Судот организира прес-конференција на која ќе ги презентира податоците за својата работа во 2008 година. Конференцијата ќе се одржи на 19 февруари 2009 година (четврток), во 11,00 часот, во салата […]
Соопштенија
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија на Првата светска конференција за уставна правда
29/01/2009
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, судиите на Уставниот суд Бранко Наумоски и Игор Спировски, генералниот секретар Милица Николовска и државниот советник Татјана Јањиќ-Тодорова од 22 до 26 јануари 2009 година учествуваше на Првата светска конференција за уставна правда што се одржа во Кејп Таун […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Светската конференција за уставна правда
20/01/2009
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, од 22 до 26 јануари 2009 година ќе учествува на Светската конференција за уставна правда што ќе се одржи во Кејп Таун, Јужна Африка во организација на Уставниот суд на Јужна Африка и Венецијанската комисија на Советот на Европа. […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Неформална средба со претставниците на медиумите
23/12/2008
Неформална средба со претставниците на медиумите До средствата за јавно информирање Почитувани, По повод успешната соработка меѓу медиумите и Уставниот суд на Република Македонија во 2008 година, Уставниот суд организира неформална средба со претставниците на медиумите кои ја следат работата на Судот, заради благодарност. Средбата ќе се одржи на 26 декември 2008 година ( петок […]
Соопштенија
Учество на Конгрес во Регенсбург
04/12/2008
Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски, на 5 и 6 декември 2008 година ќе учествува на Десетиот меѓународен конгрес на европското и компаративното уставно право што ќе се одржи во Регенсбург, Германија. Темите на овогодинешниот Конгрес ќе бидат: „50 години од Уставот на Франција: перспективи од надвор“; и „Најновиот развој на уставното право […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Деветата меѓународна конференција на претседатели на судови од светот
04/12/2008
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата на Уставниот суд д-р Наташа Габер-Дамјановска од 12 до 15 декември 2008 година ќе учествуваат на Деветата меѓународна конференција на претседатели на судови од светот, што ќе се одржи во Лакноу, Индија. Темата на Меѓународната конференција ќе биде: „Зајакнување на улогата на Меѓународниот суд […]
Меѓународни активности, Соопштенија